Карлос Солис од „Очајни домаќинки“ старее како виното: Како изгледа актерот 14 години по крајот на серијата?
- Детали
- понеделник, 06 мај 2024
Со актерството почнал да се занимава во средно училиште за да проба да ја преболи загубата на мајка си, која починала од рак кога имал 15 години. Се сеќавате ли на Рикардо Антонио Чавира, шармантниот Карлос Солис од серијата „Очајни домаќинки“?
Актерот Рикардо Антонио Чавира е еден од водечките латино актери во светот. Роден е на 1 септември 1971 година во Сан Антонио, Тексас, како син на Хуан Антонио Чавира, кој бил судија и Елизабета, која се стекнала со дури три дипломи.
Иако глуми од тинејџерските години, ја освои публиката со ликот на богатиот заводник Карлос Солис во популарната серија „Очајни домаќинки“.
Серијата почна да се прикажува во 2004 година и за кратко време доживеа огромен глобален успех.
Улогата на Карлос Солис, сопругот на Габриел Солис, која ја толкуваше Ева Лонгорија, му донесе вистински успех.
Рикардо преку ноќ стана миленик на женската публика, особено на оние од Латинска Америка.
https://www.instagram.com/p/xO9xe2ga3R/
Во јавноста во тоа време се веруваше дека Рикардо и Ева се во љубовна врска и во реалниот живот, но актерите ги негираа таквите тврдења.
За време на снимањето, Лонгорија беше во брак со кошаркарот Тони Паркер, од кого се раздели пред да почне да се емитува последната сезона на серијата.
https://www.instagram.com/p/10pZd-Aa1M/
Чавира, пак, во тоа време беше во врска со Марсела, со која е сега во брак.
Парот има две деца, синот Томас и ќерката Белен, на кои актерот вели дека е многу горд.
Тој во неколку наврати изјавил дека семејството и децата му се најважни и обожава да поминува време со нив во родниот Тексас.
Рикардо, пак, и денес е многу популарен, иако од прикажувањето на последната епизода на серијата поминаа повеќе од 10 години, а тој нема некоја позабележителна улога.
Бидејќи не се појавува многу во јавноста, многумина се прашуваат како тој изгледа денес.
Тој е и понатаму заводник и старее како виното.