Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Пак се врати на старите пороци“ – Порно актерката Џена Џејмисон се разведува по 8 месеци брак од сопругата

„Не знам каде е мојата вина, но можеби не требаше да имам толку големи очекувања од неа“ – вели сопругата на порно актерката Џена Џејмисон, која стапи во брак со неа во мај минатата година, а откри зошто побарала поништување на истиот.

pak-se-vrati-na-starite-poroci-porno-akterkata-djena-djejmison-se-razveduva-po-8-meseci-brak-od-soprugata-01.jpg

Порно актерката Џена Џејмисон (50) јавно зборуваше за својата борба со пороците и гордо споделуваше дека долго време е трезна и не потклекнала пред искушенијата.

Пред две години беше во фокусот на јавноста кога боледуваше од непозната болест и не можеше ниту да стане од кревет, а потоа повторно мораше да научи да оди.

Подоцна, во јуни минатата година, ненадејно објави дека претходниот месец стапила во брак со партнерката Џеси Лолес (41).

pak-se-vrati-na-starite-poroci-porno-akterkata-djena-djejmison-se-razveduva-po-8-meseci-brak-od-soprugata-02.jpg

По свадбата во Лас Вегас, Џена тврдеше дека конечно е среќна, но само неколку месеци подоцна, сопругата на најпознатата порно актерка во светот, на својот ТикТок профил објави дека побарала поништување на бракот.

Како што појасни Џеси, од самиот почеток на нивната врска таа ѝ дала до знаење на својата сопруга Џена дека нема да го толерира нејзиното консумирање алкохол.

pak-se-vrati-na-starite-poroci-porno-akterkata-djena-djejmison-se-razveduva-po-8-meseci-brak-od-soprugata-03.jpg

Наводно, Џеси ѝ нагласила дека алкохолот бил изворот на сите проблеми во животот на порно ѕвездата.

Но Џена, откако подолго време била трезна, одлучила да замине сама на патување во Чикаго, каде повторно им се вратила на пороците.

„Ова е првпат таа да замине сама на настани откако сме во брак. Ова е првпат да бидеме разделени. Јас не ѝ дозволував пак да им се врати на пороците.

pak-se-vrati-na-starite-poroci-porno-akterkata-djena-djejmison-se-razveduva-po-8-meseci-brak-od-soprugata-06.jpg

Но, таа замина сама во Чикаго и кога ѝ се спротивставив, прво се обиде да ме излаже, сè додека не ѝ кажав дека пријатели ми испратиле фотографии на кои се гледа дека таа држи шампањско во рацете.

Потоа ми призна сè. Воопшто немав фотки, само ѝ реков дека имам. Знаев дека пиела“ – раскажува Џеси.

pak-se-vrati-na-starite-poroci-porno-akterkata-djena-djejmison-se-razveduva-po-8-meseci-brak-od-soprugata-04.jpg

Џеси вели дека по ова Џена ѝ рекла дека воопшто не жали за тоа што го направила и дека се обидела да ја обвини неа.

„Не знам каде е мојата вина, но можеби не требаше да имам толку големи очекувања од неа“ – вели Џеси и појасни дека побарала поништување на бракот, наместо развод.

Џена не сакала да ја коментира изјавата на нејзината поранешна сопруга, но во официјалното соопштение од нејзиниот ПР тим, стои дека од сопругата наместо сочувство, добила обвинувања и уцени додека се обидувала да се ослободи од пороците.

pak-se-vrati-na-starite-poroci-porno-akterkata-djena-djejmison-se-razveduva-po-8-meseci-brak-od-soprugata-05.jpg

По ова таа на Инстаграм коментирала на објавата на Џеси дека планира да ја тужи, на што доби одговор:

„Не сакаш да потрошиш пари за да си ги видиш децата, но ќе трошиш пари за да го уништиш мојот живот. Браво Џена“.

pak-se-vrati-na-starite-poroci-porno-akterkata-djena-djejmison-se-razveduva-po-8-meseci-brak-od-soprugata-07.jpg

За потсетување, Џена има две 15-годишни деца од бракот со Тито Ортиз, кои не ги гледа. А пред да стапи во брак со Џеси, таа беше во долга врска со бизнисменот Лиор Битон, со кого ја доби ќерката Бател.

Повеќе факти за актерката Џена Џејмисон прочитајте ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg