Ким Кардашијан доаѓа во Белград: Бара свежо цвеќе и претседателски апартман, 10 исти автомобили како мамка
- Детали
- вторник, 16 април 2024
Најголемата светска ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан, во јуни ќе го посети Белград - доаѓа со приватен авион, ќе отседне во претседателски апартман. Што е досега познато за посетата на Кардашијан во Србија и какви сè барање имала?
Ким Кардашијан овој јуни ќе дојде во Белград. Во српската престолнина таа ќе отвори продавница од своите модни брендови Skkn By Kim и Skims, а ќе присуствува и на гала забава во нејзина чест, пишуваат српските медиуми.
„Ким ќе дојде во Белград од Германија, поточно од Гелзенкирхен, каде што со синовите Сент и Псалм ќе присуствува на натпреварот меѓу Србија и Англија на 16 јуни, кој се игра во рамките на Европското првенство.
Со неа ќе бидат и неколку членови од нејзиниот тим, а ќе слетаат со приватниот авион на Кардашијан.
Таа и нејзините деца ќе бидат сместени во претседателскиот апартман во еден од најпознатите хотели во градот“, рекол за Kurir.rs извор близок до организацијата на настанот.
Тој открил и дека Ким ќе остане во Белград два дена, а освен нејзиното лично обезбедување, ќе има и дополнително обезбедување кое ќе ја следи 24 часа.
„Во Белград доаѓа за да ја отвори продавницата на својот бренд, која ќе се наоѓа во еден од трговските центри, а која е прва во овој дел од Европа.
Истата вечер за неа ќе се организира огромна забава на која ќе присуствуваат и многу познати личности од јавниот живот на Србија“, додал изворот.
Наводно, Ким изразила желба да го посети храмот Св. Сава, но и Калемегдан и делот покрај Сава и Дунав.
Од организаторите барала и да ѝ биде обезбеден посебен излез од хотелот, но и да има уште 10 автомобили како нејзиниот кои би служеле како мамки за папараците, кои ќе сакаат да ја следат.
Барала и букети свежо цвеќе во апартманот и храната да им се носи во собата.
Од Белград Ким ќе замине во Париз на Модната недела.
Инаку, Ким била во Србија во 2017 година во тајност, а тогаш го посетила Националниот парк Увац заедно со екипа от ТВ каналот Travel, кои снимале репортажа за овој дел од земјата.
А. Ј. | Црнобело