Познати личности чии сакани биле сурово убиени
- Детали
- сабота, 20 април 2024
Братот на Софија Вергара бил убиен во Колумбија при обид за киднапирање. Кои други познати личности изгубиле членови на семејството во убиства?
За среќа, живееме во релативно мирна држава каде што убиствата не се честа појава. Но, ова не може да се каже за големи земји, како САД.
Постојат бројни познати личности кои изгубиле сакани членови на семејството во убиство.
Дел од нив во продолжение:
Мајката на Дилан Мекдермот била убиена
Дилан Мекдермот беше веќе познат холивудски актер кога јавноста дозна дека мајка му била убиена. Всушност, и тој самиот го дознал овој факт дури во 2012 година.
Мајката на Дилан била застрелана во 1967 година и со децении полицијата мислела дека станува збор за несреќен случај.
Единствениот сведок бил нејзиниот тогашен дечко кој бил и криминалец. Тој тврдел дека жената се застрелала додека му го чистела пиштолот.
Но, актерот побарал случајот одново да се отвори.
Детективите брзо сфатиле дека во истрагата има многу пропусти, па набрзо откриле дека нејзиниот дечко бил убиецот.
Марк Рафало уште не знае кој го убил брат му
Во 2008 година, познатиот актер го изгуби неговиот помал брат, Скот, но до денес не се знае кој е убиецот.
Скот бил успешен фризер кој живеел на Беверли Хилс. Бил пронајден во неговиот дом, со прострелна рана на главата.
Починал во болница една недела по инцидентот.
Актерот неколкупати има зборувано за оваа трагедија:
„Никогаш не преболуваш нешто вакво, само се навикнуваш“.
Братот на Софија Вергара бил убиен во обид за киднапирање
Софија Вергара ја напуштила Колумбија плашејќи се од криминалот во областа каде што живеела. А, кратко по нејзиното заминување, брат ѝ бил убиен.
Семејството на Софија било богато и поради ова брат ѝ бил примамлива мета за киднапирање и не излегувал од дома без телохранители.
На местото каде што пораснала актерката, не било ништо ново картелите да киднапираат некој за откуп.
Брат ѝ само еднаш излегол без телохранители и кога членовите на картел пробувале да го киднапираат, го застрелале и го убиле.