Бијонсе ја избелува кожата?!
- Детали
- четврток, 19 јануари 2012
После скандалот во 2008 година, кога во една рекламна кампања и беше избелена кожата, новата мајка изгледа дека повторно ја прави истата грешка.
На промотивните фотографии за нејзиниот актуелен албум, кожата на Бијонсе изгледа многу побела од каква што навистина е.
Новата фотографија ја прикажува пејачката пред бременоста, а сега нејзиниот тим повторно ја користи за рекламирање на албумот 4. Во заводничка поза, Бијонсе има русокоса перика, а носи само темно црвен кармин (и не личи на себе).
Соговорниците на британски Sun тврдат дека нејзината кожа е избелена со Фотошоп, а повторно се актуелизираат трачевите дека таткото на пејачката ја терал да ја осветлува кожата уште додека била во групата Destiny’s Child.