Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ѓоковиќ позира со медалите, Зендеја одржа модна лекција: Ѕвездите на забава пред отворањето на Олимписките игри (фото)

Новак Ѓоковиќ, Зендеја и Шарлиз Терон се само дел од светските ѕвезди кои присуствуваа на синоќешната забава по повод отворањето на Олимписките игри во Париз. На прославата тие ги видоа и олимписките медали кои годинава се дизајнирани од Louis Vuitton.

gjokovikj-pozira-so-medalite-zendeja-odrzha-modna-lekcija-dzvezdite-na-zabava-pred-otvoranjeto-na-olimpiskite-igri-foto-01.jpg

Вечерва (26.07) официјално почнуваат овогодишните Олимписки игри во Париз.

Почетокот на игрите ќе биде одбележан со церемонија на која ќе бидат претставени државите учеснички, но и ќе настапуваат музички ѕвезди како Селин Дион и Лејди Гага.

Синоќа, пак, беше организирана прослава од страна на модната куќа Louis Vuitton, пејачот Фарел Вилијамс и главната уредничка на Vogue – Ана Винтур.

Во организацијата на настанот беа вклучени и Шарлиз Терон, Серена Вилијамс, Росалија и Омар Сај.

svetskite-dzvezdi-blesnaa-na-zabavata-pred-otvoranjeto-na-olimpiski-igri-2024-foto-02.jpg

На прославата, наречена и „Увертира за Олимписки игри 2024“ се појавија некои од најпознатите имиња во светот.

Актери, музичари и, секако, спортисти, блеснаа на црвениот тепих, а потоа продолжија во прослава со коктели, каде што имаа можност да ги видат олимписките медали кои се дизајнирани од страна на Louis Vuitton.

svetskite-dzvezdi-blesnaa-na-zabavata-pred-otvoranjeto-na-olimpiski-igri-2024-foto-03.jpg

Повеќе фотки од прославата во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Лав? (фото) Сопружниците Џенифер Лопез и Бен Афлек се родени во знакот на Лав, иако таа е во...
Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg