Ребел Вилсон: „Ја изгубив невиноста на 35 години, мислев дека не сум привлечна поради вишокот килограми“

Ребел истакнува и дека бидејќи била исплашена од интимност, ја користела својата тежина како изговор.

„Има многу луѓе кои го одложуваат сексот додека да ослабат – ’Ќе ослабам пет килограми, па тогаш ќе барам дечко‘. Но, мислам дека тоа нема никаква врска со тежината или големината, туку со самодовербата што ја проектирате.

Јас ја користев мојата тежина како изговор да избегнувам интимност, и сега посакувам да не го правев тоа. Ако му се допаѓате на некој, му се допаѓате. Барем сега ја научив таа лекција“.

rebel-vilson-ja-izgubiv-nevinosta-na-35-godini-mislev-deka-ne-sum-privlechna-poradi-vishokot-kilogrami-02.jpg

Пред издавањето на мемоарите, актерката имаше интервју за People, каде првпат зборуваше за првиот сексуален однос.

Во интервјуто, 44-годишната актерка порачува дека не мора сите да го имаат првиот сексуален однос во тинејџерските години.

rebel-vilson-ja-izgubiv-nevinosta-na-35-godini-mislev-deka-ne-sum-privlechna-poradi-vishokot-kilogrami-09.jpg

„Луѓето можат да чекаат додека се подготвени или да чекаат додека се малку позрели. И, мислам дека ова може да биде позитивна порака.

Нормално, не мора да чекате до 30-тите како мене, но не треба ни да чувствувате притисок додека сте млади“, вели таа во интервјуто.

rebel-vilson-ja-izgubiv-nevinosta-na-35-godini-mislev-deka-ne-sum-privlechna-poradi-vishokot-kilogrami-08.jpg

Сепак, Ребел истакнува дека подоцна била засрамена од фактот што немала односи, па ја избегнувала темата по секоја цена.

„Еднаш ѝ кажав на најдобрата пријателка дека ја изгубив невиноста на 23 години, само за да ги избегнам понатамошните прашања за тоа“.

rebel-vilson-ja-izgubiv-nevinosta-na-35-godini-mislev-deka-ne-sum-privlechna-poradi-vishokot-kilogrami-05.jpg

Денес актерката е свршена со дизајнерката Рамона Агрума и во 2022-ра добија и дете со сурогат мајка.

Во интервјуто, Ребел вели дека ако била родена 20 години подоцна, веројатно порано ќе ја истражела својата сексуалност.

Актерката сметала дека ја привлекуваат мажи, следејќи го примерот на другите жени околу неа. Но, подоцна сфатила дека ја привлекуваат и жени.

rebel-vilson-ja-izgubiv-nevinosta-na-35-godini-mislev-deka-ne-sum-privlechna-poradi-vishokot-kilogrami-04.jpg

По објавувањето на интервјуто, на социјалните мрежи почна да се шпекулира дека изјавата на Ребел за нејзината невиност е дел од првоаприлска шега.

„Посакувам да беше првоаприлска шега, но не е. Си имав помислено дека ако ја загубам невиноста пред 40 години, нема да биде толку лошо. Полоша ќе биде стигмата поврзана со сето тоа.

Но од друга страна, мило ми е што ја загубив невиноста како што јас сакав. На таа возраст бев повеќе од подготвена“, вели актерката во друго интервју.

rebel-vilson-ja-izgubiv-nevinosta-na-35-godini-mislev-deka-ne-sum-privlechna-poradi-vishokot-kilogrami-6.jpg

Таа се шегува и дека ако ништо друго, барем немала сексуално преносливи болести додека била на факултет.

„Има некои добри работи за сето ова. Но, мислам дека најмногу сакам да им помогнам на луѓето да не се чувствуваат сами. Многумина ми напишаа пораки дека и тие ’процутеле‘ доцна.

Младите луѓе не треба да чувствуваат притисок да бидат сексуализирани на рана возраст“, додава таа.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg