Ребел Вилсон: „Ја изгубив невиноста на 35 години, мислев дека не сум привлечна поради вишокот килограми“
- Детали
- среда, 03 април 2024
„Ја загубив невиноста на 35 години. Да, за жал не се шегувам“, вели Ребел Вилсон во гостување во шоуто на Џими Фелон каде што зборува за нејзините нови мемоари.
Вчера (02.04) Ребел Вилсон ги издаде своите мемоари каде што пишува за својата сексуалност, но и открива дека ја изгубила невиноста на 35-годишна возраст.
Мемоарите на Вилсон привлекоа многу внимание, па таа гостуваше и во шоуто на Џими Фалон, каде го дискутираше првиот сексуален однос.
„Ја загубив невиноста прилично доцна во животот, на 35 години. Да, за жал не е шега. И си мислев ’Дали требаше да го спомнам тоа (во мемоарите)?‘
Но, мислам дека ако читав нечии мемоари, навистина би сакала да слушнам сè, како работите што можеби биле засрамувачки за таа личност, како и убавите работи. Па, решив да го спомнам и тоа“, вели актерката во инсерт од емисијата кој се споделува вирално.
Потоа Вилсон истакнува дека сигурно има луѓе кои воопшто немале секс.
„На пример кралицата Елизабета Прва. Што значи, дефинитивно ја победив неа“, се шегува актерката.
Во книгата, пак, Ребел пишува дека мислела дека никој не ја гледа како привлечна поради вишокот килограми.
„Една од причините што чекав толку долго да имам секс е тоа што бев голема девојка, никој не ме гледаше како сексуално привлечен. Кога стануваше збор за физичка интимност, бев преплашена.
Имам бакнато повеќе луѓе пред камера отколку во приватниот живот. И кога ќе се земе предвид дека чекав долго, на крај сакав да бидам вљубена во личноста со којашто ќе спијам“.