Направила операција за да личи за неа: Која е сестрата на Крис Џенер, која почина ненадејно?
- Детали
- среда, 20 март 2024
Крис Џенер откри дека починала нејзината 65-годишна сестра со која имаше чуден однос – неретко се препираа онлајн, но еднаш сестра ѝ направи и операција за да личи на неа.
Семејството Кардашијан е едно од најпознатите во светот, но не секој знае дека Крис Џенер има сестра.
Со емотивна објава на Инстаграм, Крис сподели дека сестра ѝ ненадејно починала на 65-годишна возраст.
Ријалити ѕвездата сподели неколку фотки од сестра ѝ Карен Хјутон, а во описот напиша:
„Со најдлабока тага споделувам дека сестра ми Карен вчера почина ненадејно. Срцето ме боли за мајка ми и внука ми (ќерката на Карен) и се молам дека Бог ќе нè води низ овој тежок период.
Карен беше убава и однадвор и однатре. Беше најдобрата, најчувствителната и најранливата личност и беше многу, многу забавна. Секогаш беше благодарна за нејзиниот живот и ги ценеше семејството и пријателите, особено нејзината убава ќерка.
Таа зафаќа голем дел од моето срце и го ценам секое сеќавање што го имам со неа. Смртта на Карен е потсетник дека животот е краток и скапоцен и дека утрешниот ден никогаш не ни е ветен.
Мора да им кажеме на оние кои ги цениме колку ги сакаме. Те сакам, моја убава сестро“.
И покрај емотивната порака, оние кои подобро го знаат семејството на Крис, се свесни дека таа и сестра ѝ имаа навистина чуден однос.
Обично Карен ја користеше секоја можност да ја критикува сестра ѝ, заедно со целиот клан Кардашијан-Џенер, но некогаш и објавуваа заеднички фотки, во знак на примирје.
Одвреме-навреме и Крис ја критикуваше сестра ѝ во јавност, за потоа да ја опсипува со скапи подароци.
Карен, за разлика од Крис, живееше во поскромен дом во Калифорнија. А, наводно го мразела тоа што Крис и нејзините деца се алчни за пари и слава.
Во 2014-та, Карен изјави дека Брус Џенер (сега Кејтлин) ја оставил Крис бидејќи не можел да ја трпи.
„Брус си замина. Ја остави Крис и мислам дека не се враќа. Повеќе не можеше да го трпи дерењето на Крис.
Мислам дека сега Крис има проблеми, откако ја остави. Сама е, не излегува на состаноци. Таа не е личност која излегува со кого било“.
Во друга пригода, Карен ја нарече сестра ѝ луда:
„Молете се за Крис Џенер бидејќи е луда. Всушност, не ѝ требаат молитви, ѝ треба вотка“.