„Блиску до рајот“ – Роналдо со семејството на одмор на приватен остров во Саудиска Арабија
- Детали
- вторник, 19 март 2024
„Ги полнам батериите“ – напиша Кристијано Роналдо на една од фотките на кои се гледа дека ужива на приватен остров во Саудиска Арабија, каде за првпат може да побегне од папараците и нивните фото апарати.
Кристијано Роналдо сподели видеа и фотки од одморот со семејството на приватен остров во Саудиска Арабија. Очигледно ова е единственото место каде што тој може да побегне од папараците и фотографите.
Фудбалерот и неговата партнерка Џорџина Родригез со петте деца престојуваат во ресортот St. Regis Red Sea, кој е сместен на приватниот остров Уммахат во Саудиска Арабија.
Со оглед на тоа што во минатото често се случуваше фотографиите од папараците да бидат објавени во таблоидите и да покажат малку поинаква приказна од тоа што парот сака да го покаже на социјалните мрежи, јасно е дека овој остров им понудил вистинско бегство.
Цената за едно ноќевање во ресортот се движи од 1.066 долари до 7.171 долари од вечер во зависност од големината на апартманот.
Кристијано објави видео на кое се шета покрај плажа заедно со петте деца, а во описот напиша: „Блиску до рајот!“
Тој објави и фотографија на која позира заедно со Џорџина, а убавата инфлуенсерка на Инстаграм Стори сподели фотки од нивната најмала ќерка Бела Есмералда како танцува во внатрешноста на апартманот.
Погледнете уште неколку фотки од одморот на Роналдо и Џорџина во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело