Џорџина Родригез на Инстаграм среќна, во живо пак намќореста кога Роналдо ѝ се обраќа на одморот во Сардинија
- Детали
- четврток, 29 јуни 2023
„Што е првото нешто што го видовте?“ – ги прашува твитерџиите Џорџина Родригез со смелата фотка што ја објави на социјалните мрежи. Сепак, папарацo фотките од неа и Роналдо повторно покажуваат дека односите меѓу нив се видно заладени, а таа е насмеана само кога треба да се слика за на Инстаграм.
Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез ја користи секоја можност за да покаже колку е среќна и задоволна од животот, па на Инстаграм деновиве објави фотки во кои го покажа своето извајано тело и луксузот во кој ужива, но во реалноста се чини дека работите се поинакви.
Папарацо фотографите повторно го „уловија“ славниот пар додека беа на јахта во Сардинија, Италија.
Џорџина на себе носи топ и хеланки, додека се сонча, а Роналдо додека се тушира во бели кратки шорцеви мами воздишки преку фотките, благодарение на извајаното тело и совршените стомачни мускули.
На фотографиите се гледа дека Џорџина и Роналдо се држат на дистанца еден од друг, па на фотките на кои се заедно се гледа дека Роналдо ѝ зборува, а таа гледа на друга страна.
https://twitter.com/_georginagio/status/1673744488643309568
Прочитајте и Џорџина мизерна, Роналдо ја игнорира – Познатиот пар на одмор на Сардинија, по гласините дека ќе раскинуваат (фото)
Погледнете уште неколку фотки од Џорџина и Роналдо на јахта:
Б. С. Б. | Црнобело