Џорџина мизерна, Роналдо ја игнорира – Познатиот пар на одмор на Сардинија, по гласините дека ќе раскинуваат (фото)
- Детали
- петок, 23 јуни 2023
Среде бројните гласини дека на нивната врска ѝ се ближи крајот, Џорџина и Роналдо беа „уловени“ на јахтата на фудбалерот во близина на Сардинија. И, додека на Инстаграм објавите изгледаат среќно, од папарацо фотките се чини дека гласините не се далеку од вистината.
Деновиве Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се на одмор со суперјахтата на фудбалерот, и тоа на италијанскиот остров Сардинија.
Но, додека на Инстаграм објавите изгледаат среќно и вљубено, папарацо фотките покажуваат друга реалност.
И двајцата се во топ форма – Џорџина изгледа совршено во темнозелени танга бикини, а Роналдо го покажа мускулестото тело со бели боксерки.
Со нив се и нивните деца, но се чини дека само тие се забавуваат.
На заедничките фотки, Роналдо и Џорџина не се ни погледнуваат еден со друг, а на една фотографија Џорџина изгледа тажно и замислено.
По сончањето на палубата, Роналдо возеше глисер, а Џорџина се качи на вториот кат од јахтата.
На Инстаграм, од друга страна, парот изгледа навистина среќно.
Роналдо сподели фотка на која и двајцата се со широки насмевки. Фудбалерот сподели и неколку фотографии на Инстаграм Стори.
Џорџина, пак, сподели една семејна фотка на која сите изгледаат весело. Таа објави и фотки од Роналдо со децата.
За потсетување, периодов се шират гласини дека врската на Кристијано и Џорџина е осудена на пропаст.
Според некои извори, на фудбалерот не му се допаѓало што Џорџина само му ги троши парите и се фали со луксузот – нешто за што ѝ имаат замерено и нејзините следбеници на Инстаграм.
Покрај тоа, неодамна се појави и видео на кое Роналдо превртува со очите додека Џорџина разговара со новинари.
Роналдо и Џорџина на одмор со децата:
Прочитајте и Татко ѝ бил во затвор за продажба на дрога, работела како дадилка во Лондон: Факти за Џорџина Родригез
Спирова С. | Црнобело