Брчки, подочници: Лицата на познатите жени во крупен кадар, без Фотошоп
- Детали
- недела, 17 март 2024
Како секоја жена на нејзината возраст, и Викторија Бекам има брчки на лицето, особено во пределот околу очите. Како изгледаат познатите жени одблиску?
Брчките, дамките на лицето и другите „несовршености“ се сосема нормална појава.
Но, проблемот е што жените се споредуваат со славните дами и забораваат дека фотките што ги гледаме од нив неретко се фотошопирани.
Истовремено, повеќето фотки се направени оддалеку и е речиси невозможно да се види како навистина изгледа нечие лице.
Па, веројатно ве интересира како изгледаат славните дами во крупен кадар.
А, кога ќе ги погледнете, ќе сфатите дека и брчките, и подочниците, и несовршената шминка се чест случај.