Беше првата Мис на Југославија, а нејзината смрт и денес е мистерија – Што знаеме за Никица Маринковиќ?

Никица Маринковиќ била првата Мис Југославија која се натпреварувала за Мис на Светот. Важела за вистинска убавица и била мошне популарна, но страдала од депресија, па нејзината смрт и до ден-денес е вистинска мистерија.

beshe-prvata-mis-na-jugoslavija-a-nejzinata-smrt-i-denes-e-misterija-shto-znaeme-za-nikica-marinkovikj-01.jpg

Никица Мариновиќ ќе остане запаметена како првата Мис на Југославија која се натпреварувала на изборот за Мис на светот.

Во 1966 година Никица Мариновиќ ја освои титулата Мис на Југославија, а подоцна беше прогласена за втора најубава Европејка.

bese-prvata-mis-na-jugoslavija-zad-sebe-imase-dva-braka-ziveese-vo-luksuz-no-zavrsi-tragicno-nejzinata-smrt-i-denes-e-misterija-06.jpg

Родена е во 1947 година во Риека, Дубровник, таа била девојче од скромно семејство од татко рибар и мајка домаќинка.

Судбината ја однела во светот на убавината, додека била во завршната година од нејзиното образование во економското училиште во Дубровник.

Бидејќи била малолетна, Никица морала да се бори со своите конзервативни родители да потпишат формулар за согласност за да може да се натпреварува, и успеала.

bese-prvata-mis-na-jugoslavija-zad-sebe-imase-dva-braka-ziveese-vo-luksuz-no-zavrsi-tragicno-nejzinata-smrt-i-denes-e-misterija-05.jpeg

Првпат била забележана од Зорица Мутавџиќ, главен уредник на списанието „Базар“ кое било едно од најпопуларните во тоа време.

Зорица не била задоволна од изгледот на од пријавените натпреварувачки на натпреварот за Мис на Југославија, па тоа ѝ донело среќа на Никица.

bese-prvata-mis-na-jugoslavija-zad-sebe-imase-dva-braka-ziveese-vo-luksuz-no-zavrsi-tragicno-nejzinata-smrt-i-denes-e-misterija-10.jpg

Уредничката сама тргнала во потрага по анонимни девојки за натпреварот и така ја забележала Никица.

Откако ја добила титулата за Мис Југославија, Никица отпатувала во Лондон во 1966 година на натпреварот за Мис на светот, каде се закитила со уште една титула, за најубава Европејка, односно била втора придружничка на Мис на светот, додека победата ја однесла Индијката Реита Фариа.

Иако познатиот режисер Роберто Роселини ѝ понудил улога во неговиот филм, која би можело да ја трасира патеката до успехот во Холивуд, сепак Никица ја одбила улогата и решила да се врати во Белград.

Нејзиното срце го освоил 10 години постариот режисер Вук Вучо.

Поради него го оставила тогашното момче Владо Распудиќ.

Таа се омажи за Вук и заедно го добиле синот Ѓорѓе, архитект кој сега живее во Америка.

Нивниот брак траел четири години, а по разводот со него, се омажила со режисерот Здравко Шотра, со кого го добила синот Марко.

bese-prvata-mis-na-jugoslavija-zad-sebe-imase-dva-braka-ziveese-vo-luksuz-no-zavrsi-tragicno-nejzinata-smrt-i-denes-e-misterija-02.jpg

Но, и овој брак на Никица пропаднал, па тие се развеле и во 1980 година таа останала сама со двата сина.

Многумина не можеле да разберат како е можно таква убавица да нема среќа во љубовта.

По разводот, Никица решила да отвори свој бизнис, па отворила бутик во Белград на улицата „Кнез Михајлова“, а очекувано било дека ќе доживее голем успех бидејќи сите сакале да носат тренди парчиња со потпис на мисицата.

bese-prvata-mis-na-jugoslavija-zad-sebe-imase-dva-braka-ziveese-vo-luksuz-no-zavrsi-tragicno-nejzinata-smrt-i-denes-e-misterija-03.jpg

Никица почина на 11 ноември 2008 година на 61-годишна возраст во нејзиниот стан во центарот на Белград.

Таа долг период се бореше со депресија и не остави проштално писмо, па нејзината смрт и денес е мистерија.

Медиумите тогаш објавија дека таа живеела повлечено, а многу е веројатно дека земала смртоносна доза апчиња за спиење.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg