Не се познава дека родила 4 деца – Блејк Лајвли во тесен кожен фустан на роденден кај Тејлор Свифт
- Детали
- четврток, 14 декември 2023
Тејлор Свифт наместо со дечкото, го прослави 34-тиот роденден со најдобрата другарка. Сите погледи беа вперeни во двете дами кои во црни изданија успеаја да го привлечат вниманието со својот изглед.
Пејачката Тејлор Свифт во средата (13.12) го прослави својот 34-ти роденден и приреди луксузна забава во Њујорк.
Иако во моментов нејзиниот дечко Тревис Келси, не можеше да присуствува на настанот, пејачката се забавуваше со нејзината добра другарка Блејк Лајвли.
Тејлор и Блејк се појавија во црни изданија, а додека славеничката се одлучи за краток фустан во кој ги покажа долгите нозе, нејзината пријателка избра тесен кожен фустан, во кој покажа дека успеала да се врати во топ форма, откако во февруари годинава го роди четвртото дете.
Сите се сложни дека двете жени изгледаат неодоливо, а нивните фотографии масовно се споделуваат на социјалните мрежи.
Погледнете повеќе фотографии во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело