„Каде ти е стомакот?“: Блејк Лајвли на кул начин откри дека го добиле 4-тото дете – во топ-форма по породувањето
- Детали
- понеделник, 13 февруари 2023
Со фотографија на која е очигледно дека повеќе нема трудничко стомаче, во нејзин стил, Блејк Лајвли откри дека се породила и дека со сопругот Рајан Рејнолдс го добиле четвртото дете. Парот има три ќерки, а засега не е познат полот на четвртото дете.
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го добија четвртото дете, а актерката ги соопшти убавите вести на мошне суптилен начин.
Во неделата, 12-ти февруари, 35-годишната Блејк сподели неколку фотки на Инстаграм, а во описот истакнува дека „била зафатена“.
На една од фотките, актерката позира со сопругот и неговата мајка, а единствениот знак дека е породена е тоа што нема стомаче.
Блејк и Рајан се венчаа во 2012 година и веќе имаат три ќерки – Џејмс (7), Инез (6) и Бети (3).
Засега парот го нема откриено полот на четвртото дете.
Додека во коментари повеќето следбеници ѝ честитаат на Блејк, многумина истакнуваат и дека изгледа навистина добро веднаш по породувањето.
„Искрено, ти завидувам што можеш да носиш фармерки. Моето бебе има 8 години и јас уште носам хеланки“.
„Дискретно се породи, а потоа изгледа вака во тесна маичка“.
Блејк официјално ја потврди бременоста во септември минатата година, на настан организиран од Forbes.
Според извори блиски до парот, бременоста била изненадување дури и за нивните најблиски пријатели.
„Блејк не зборуваше многу за тоа. Дури и нејзините пријатели беа изненадени што повторно е бремена“.
Истиот извор вели и дека за актерката, децата се најголемиот приоритет.
„Никогаш не би помислиле дека Блејк Лајвли, оваа суперѕвезда и убава жена, би била вообичаена личност која секоја вечер прави вечера и се грижи за семејството, но таа навистина е одлична со децата“.
Актерката, пак, вели дека мајчинството е најубавото нешто што ѝ се случило.
„Никогаш не сум се чувствувала подобро во моето тело или посамоуверено. Не дека нема многу несигурности секој ден, но се чувствувам навистина смирено“.
Спирова С. | Црнобело