Парис Хилтон се пофали дека вторпат стана мајка, 11 месеци откако откри дека со сурогат добила син
- Детали
- петок, 24 ноември 2023
Една година откако откри дека се бори со неплодност и дека доби син со сурогат, богатата наследничка Парис Хилтон преку Инстаграм се пофали дека вторпат станала мајка и ја изненади јавноста.
Парис Хилтон (42), една од наследничките на семејството Хилтон, на Денот на благодарноста (Thanksgiving), откри дека добила ќерка.
Таа на Инстаграм објави розова детска облека на која пишува „Лондон“ и со тоа го откри и името на бебето.
„Благодарна сум за моето девојче“, напиша таа на фотографијата.
Иако веста за раѓањето на ќерката е изненадување, името Лондон не е - Парис на почетокот на 2023 година во својот поткаст кажа дека уште пред една деценија го избрала ова име за својата идна ќерка.
Таа на Инстаграм Стори сподели и неколку видеа од синот Феникс, па напиша дека тој сега е „постар брат“.
Лондон е второ дете за Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум. Тие пред само 11 месеци го добија синот Феникс со сурогат мајка.
Хилтон за американските медиуми подоцна кажа дека со сопругот се заколнале дека никој нема да дознае ништо сè до раѓањето на бебето, па не им кажале ни на родителите.
За потсетување, богатата наследничка пред околу една година откри дека се бори со неплодност.
Таа кажа и дека замрзнала ембриони и дека планирала да стане сингл мајка пред да го сретне сопругот.
Прочитајте и „Моето ангелче е здраво, само има голем мозок“ – Парис Хилтон гневна за грдите коментари за изгледот на нејзиното бебе
А. Ј. | Црнобело