„Моето ангелче е здраво, само има голем мозок“ – Парис Хилтон гневна за грдите коментари за изгледот на нејзиното бебе
Подоцна објави Инстаграм стори, во кое се обиде да им одговори на сите критики што ги добила, а се упатени кон неа како мајка и кон изгледот на нејзиниот син.
„Живеам во фокусот на јавноста и знам дека коментарите се неизбежни, но таргетирањето на моето дете или на нечие друго, е неприфатливо.
Ова ме повредува подлабоко отколку што можам да опишам со зборови.
Работев напорно да создадам средина која е фокусирана на љубов, почит и прифаќање, и го очекувам истото за возврат.
Ако не објавувам фотографии од бебето, луѓето претпоставуваат дека не сум одлична мајка, а ако објавам фотографии, има луѓе што се сурови и полни со омраза.
Јас сум горда мајка која работи и моето бебе е совршено здраво, неодоливо и како ангелче.
Сонував да станам мајка откако знам за себе.
Феникс е мојот свет и тој беше најголемиот благослов во мојот живот. Секој ден поминат со него е потсетник за она што навистина е важно.
Тешко ми е да прифатам дека има луѓе во светот, што би ставиле на мета толку невино суштество“ – напиша таа.
За потсетување, Парис Хилтон го доби синот Феникс со помош на сурогат мајка.
Нејзината мајка, во едно гостување откри дека Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум долго време се обидувале да станат родители по природен пат, но безуспешно.
Прочитајте и Мајката на Парис Хилтон: „Ќерка ми се мачи да остане бремена, но не успева – ми се крши срцето“
Б. С. Б. | Црнобело