Вин Дизел на Фејсбук
- Детали
- среда, 07 декември 2011
Многу ретко се случува некоја голема ѕвезда навистина да сака да чуе што имаат да кажат фановите. Додека повеќето глумат љубезност на...
...црвениот тепих, а инаку одбиваат да потпишуваат автограми токму Вин Дизел е исклучокот што покажува дека ако си човек на место славата нема да ти го помати умот.
Во моментов ѕвездата од Fast & Furious има 28,494,184 фанови на Фејсбук кои не се таму за да гледаат како ги оговара своите колеги или како рекламира пасти за заби и третмани за слабеење. (Само да се потсетиме дека Ким Кардашијан добива по $10.000 долари за да твитне реклама за некој производ!).
Вин Дизел гради пријателски однос со оние што ја следат неговата страница. Не само што постира фотографии од детството и зборува за советите што ги добива од родителите, тој ги чита и коментарите што му ги оставаат фановите.
Најчесто добива по околу 10.000 коментари, па искрено му се воодушевуваме на посветеноста! Открива дека кога ќе налета на особено интересен коментар со мудар цитат или став што поттикнува подлабоко размислување го отвора и разгледува личниот профил на личноста што го напишала. Можеби така дел од неговите фанови ќе добијат и „френд риквест“ од Дизел во живо :)
Веројатно ќе ве изненади она што се крие зад мачо типот од холивудските акции. Негова мисија е со фановите на Фејсбук да создаде мултикултурна заедница која не само што нема предрасуди и не се оптоварува со нечија расна и етничка припадност, туку и си пружа меѓусебна поддршка особено во потрагата по среќа и остварувањето на животните соништа.
Вин Дизел ги чести фановите со премиерно прикажување на трејлери од неговите филмови и никогаш не пропушта да истакне колку е горд на позитивната енергија на неговата фејсбук страница.
На вечера со татко му
Со мајка му во Перу
За да ги увери скептиците дека навистина ја води фан-страницата
приложи „самослик“ како доказен материјал :)
Редовно постира инспиративни цитати
Дизел потишува копија од филмот Pitch Black
Галантниот Вин ѝ ја бакнува раката на новинарка како реакција на нејзин охрабрувачки коментар за филмот на кој работи во моментот.
Го лајкнавте Вин?
З.П. | Црнобело