Нови потресни фотки од Лони Вилисон – некогаш беше модел, сега е бездомничка која бара храна по контејнери
За потсетување, Лони и Џереми се венчаа во 2012-та, а се разделија по две години.
Тогаш поранешниот модел изјави дека сопругот пробал да ја задави додека бил пијан. Го обвини и за други насили испади, а наводно ѝ било страв да го пријави во полиција.
По разводот, Лони како да исчезна од лицето на земјата, пред да биде забележана како бездомничка во 2018-та.
Тој период, Лони даде изјава за Daily Mail откривајќи дека по разводот доживеала нервен слом.
Истовремено, некако се убедила дека може да чувствува електрична енергија во телото, а единствениот начин да се спаси од тоа е да зема метамфетамин.
Со ова, почнале нејзините проблеми со зависноста кои траат до денес.
Во новото интервју од ова лето, јасно е дека Лони е во уште полоша состојба.
Таа изјавила дека постојано чувствува болки во стомакот, како и дека уште ја чувствувала електричната енергија во телото.
„Мислам дека бидејќи ја чувствувам струјата, чувствувам и други работи, како хемикалии, батерии, жици или разни видови метали. Не сум сигурна, треба да ми направат рендгенска снимка или нешто такво“.
Мажот што ја интервјуирал Лони забележал дека има модринки на прстите и ѝ понудил да ѝ помогне, но таа само му рекла дека е во ред.
Наводно, пријателите и семејството на Лони пробувале да стапат во контакт со неа за да ѝ помогнат, но таа секојпат ги одбивала.
Спирова С. | Црнобело