Нови потресни фотки од Лони Вилисон – некогаш беше модел, сега е бездомничка која бара храна по контејнери
- Детали
- недела, 10 септември 2023
Лони Вилсон беше модел, но нејзиниот живот тргна во погрешна насока откако се разведе од сопругот. Лони доживеала нервен слом, извесен период никој не знаеше каде е, а во 2018-та се дозна дека е бездомничка. Оттогаш, Лони живее на улица, има проблеми со зависност, бара храна по контејнери и наводно ја одбивала помошта од семејството и пријателите.
Лони Вилисон која некогаш беше модел, денес е бездомничка која честопати е забележана низ улиците на Лос Анџелес.
40-годишната Лони, која беше во брак со актерот од Baywatch Џереми Џексон, последно беше забележана минатата недела со цигара во устата и голема количка полна со нејзините работи.
Изминативе месец-два се појавија многу фотки од Лони на кои носи валкана облека и ги проверува контејнерите низ Лос Анџелес.
Лони има проблеми со менталното здравје, но и проблеми со зависност, а во јуни беше забележана и како консумира дрога среде бел ден на улица.
Пред некој месец, Лони даде интервју во кое го обвини бившиот сопруг за нејзината сегашна ситуација.
„Виновен е мојот сопруг. Тоа што стапив во брак. Барем се разведов од него. Тој ме намести за да ми се случи сето ова“.