Откако беше фотографиран со спуштени пантолони во Венеција со сопругата, Канје Вест се појави во Ирска – Дали бега од затвор?
- Детали
- среда, 06 септември 2023
„Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не го виде непристојниот чин. Да забележел што се случува, тој веднаш ќе го сопрел бродот и ќе ги предадел престапниците на властите“ – велат од такси компанијата во чијшто брод Канје Вест беше снимен со спуштени пантолони. По ова раперот е фотографиран во Ирска.
Неодамна целиот свет го обиколија видео снимката и фотографиите од Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Цензори, што според многумина била направена додека тие двајца имале секс за време на возење со бротче во Италија.
Компанијата Venezia Turismo Motoscafi е сопственик на бротчето каде беа снимени Канје и Бјанка, а тие дадоа јавно соопштение во кое информираа дека поранешниот сопруг на Ким Кардашијан и неговата нова сопруга добиле доживотна забрана за возење со нивните возила.
„Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не го виде непристојниот чин. Да забележел што се случува, тој веднаш ќе го сопрел бродот и ќе ги предадел престапниците на властите“ – велат од компанијата и додаваат дека на бродот имало и трета личност што не му дозволила на капетанот да види што се случува.
https://twitter.com/HipHopNewsX/status/1696571633278873996
Само неколку денови по инцидентот, Канје беше фотографиран на аеродромот во Даблин, Ирска, а потоа заминал на Electric Picnic Festival каде присуствувал на настапот на Стиви Лејси.
Оттука, многумина го поставуваат прашањето дали Канје и Бјанка бегаат од Италија откако во изминатиот период прво привлекуваа внимание со своето непристојно облекување низ Италија, а на крај раперот беше снимен со спуштени пантолони во бродот во Венеција.
Според италијанските закони, казната за непристојно однесување во јавност е над 300 евра, а според Daily Mail, сè погласни се онлајн критичарите, кои бараат италијанските власти да преземат нешто и да ги казнат Канје и Бјанка за непристојното однесување.
Б. С. Б. | Црнобело