Канје Вест со спуштени панталони на брод во Венеција - туристите го фотографираат, сопругата пак во 18+ издание
- Детали
- среда, 30 август 2023
На новите папарацо фотки од Канје и сопругата Бјанка, раперот седи на брод во Венеција со спуштени панталони, поради што му се гледа задникот. Парот повторно е обвинет за непочитување бидејќи околу нив има бројни туристи, но и локалци во бротчиња и ресторани.
Додека јавноста апелира до италијанските власти да ја уапсат новата сопруга на Канје поради разголените комбинации, сега и раперот е критикуван за голотија.
Парот неколку недели е во Италија, а на најновите папарацо фотки направени во Венеција се чини дека раперот намерно покажува непочитување.
Бјанка и Канје беа фотографирани на брод во Венеција, а изгледа како раперот да си ги спуштил панталоните.
На фотографиите, Канје седи на бродот и додека се наведнува кон Бјанка му се гледа задникот.
Најбизарно е што околу нив има туристи во други бротчиња, како и луѓе седнати во ресторанот на брегот.
На видео споделено на Daily Mail се гледа и како Канје по некое време станува и не ни пробува да се покрие.
Откако се симнаа од бродот, Канје и Бјанка беа фотографирани на улиците во Венеција, а овојпат сопругата на раперот беше дури и премногу облечена.
И покрај високите температури, таа носеше долг мантил, додека Канје носеше јакна, па дури и шал на главата.
Покрај критиките, дел од јавноста смета дека Канје ја контролира Бјанка, па многумина изразија загриженост.
„Зарем не гледа некој дека и на двајцата им треба помош? Каде е семејството на оваа жена? И, сигурно Канје има луѓе кои се грижат за него“.
„Сирота девојка. Изгледа мизерно“.
„Бјанка треба да се тргне од таа болна врска“.
За време на викендот, пак, Бјанка прошета во уште една разголена комбинација од хулахопки и проѕирна маичка.
Додека Канје шеташе бос, Бјанка како да пробуваше да си ги скрие градите пред папараците.
Спирова С. | Црнобело