Сопругата на Канје Вест си се шета речиси гола низ Италија - локалците бесни, ѝ се закануваат со казна затвор (фото)
- Детали
- среда, 23 август 2023
Сопругата на Канје, Бјанка, ги разгневи Италијанците кои сметаат дека им покажува непочитување со вулгарните комбинации на одморот во Италија. Сосема возможно е да добие и парична или затворска казна, бидејќи законот во Италија забранува голотија на места кај што има малолетници.
Сопругата на Канје, Бјанка Сенсори, веќе стана препознатлива по разголените, па и вулгарни комбинации, а сосема возможно е да добие и казна за нив.
Периодов 28-годишната Бјанка и 46-годишниот Канје се во Италија, а на сите папарацо фотки, сопругата на раперот е фотографирана во разголени изданија.
Италија е католичка држава во која се наоѓа и седиштето на папата. Па, за локалците комбинациите на Бјанка се непочитување кон нив и нивните традиции.
Daily Mail пренесува дека оние кои ќе се појават разголени во јавност, односно на место каде што има малолетници, можат да заработат парична казна од 5.000 до 10.000 евра. Истовремено, може да добијат и затворска казна од четири месеци до четири години.
Бјанка предизвика лавина негативни реакции со комбинацијата во којашто се појави вчера (22.08). Таа носеше проѕирна беж маичка, а градите ѝ беа скриени единствено со црна торба.
Минатата недела, парот беше во Фиренца, каде што Бјанка носеше долго бело здолниште во комбинација со проѕирна бела кроп-топ блуза. Притоа беше и боса, исто како Канје.
Во една пригода, Бјанка се појави и во хеланки со горен дел од бикини кои едвај ѝ ги покриваа градите. И овојпат беше боса.
Во Тоскана, таа носеше проѕирни хеланки од кои ѝ се гледаше долната облека, како и проѕирно боди што открива сè.
Фотките од комбинациите на Бјанка се споделуваат на социјалните мрежи, а бројни корисници апелираат до надлежните да ја казнат.
„Изненадувачки е што не е уапсена. Италија е поконзервативна држава, а во оваа ситуација, со право“.
„Се надевам дека ќе бидат избркани од државата. Не треба да ја загадуваат“.
„Вистинско непочитување кон конзервативната католичка култура“, се дел од критиките што ги сподели Daily Mail.
Погледнете и: Што им е заедничко на новата сопруга на Канје Вест и Ким Кардашијан, покрај сличниот изглед и Канје?
Канје и Бјанка во Италија:
Спирова С. | Црнобело