„Тој си седи, а таа весла“ – Жерар Пике и Клара Чиа се на одмор во Хрватска, а фотка од нив стана хит во медиумите
- Детали
- петок, 01 септември 2023
Клара Чиа во зелени полутанга бикини весла додека Пике си седи на СУП даска... Низ шпанските медиуми кружат првите фотки од одморот на шпанскиот фудбалер и неговата девојка во Хрватска.
Шпанскиот фудбалер Жерар Пике (36) деновиве е на одмор во Хрватска, а во шпанските медиуми се појавија првите папарацо фотки направени додека тој уживал на јахта со девојката заради која ја прекина долгогодишната врска со Шакира.
На насловната страница на шпанскиот портал Lecturas е објавена фотката на која се гледа како Пике си седи на СУП даска, додека Клара Чиа (24) весла.
Наводно, фудбалерот сакал да побегне од проблемите со поранешната партнерка со која во моментов повторно води битка околу старателството над синовите, па одлучил да побегне на Балканот и заедно со семејството да ужива во убавините на Хрватска.
Според шпанските медиуми, најголемите превирања настанале кога Шакира, одбила да им дозволи на синовите Милан и Саша да присуствуваат на свадбата на нивниот чичко Марк, каде што фудбалерот беше заедно со Клара Чиа.
Како што може да се види од фотографиите од одморот на Пике и Клара кои кружат на социјалните мрежи, парот на одмор заминал заедно со семејството на фудбалерот.
Фудбалерот и неговата девојка уживале на јахта заедно со неговите родители Хоан Пике и Монтсерат Бернабеу и неговиот брат Марк Пике со сопругата Марија Валас.
Прочитајте и Се пресмета со фотографот што ѝ го направи животот пекол, па ја бакна среде улица – Пике дава сѐ од себе да ја заштити Клара Чиа
Б. С. Б. | Црнобело