Жерар Пике наводно ќе ја најави свршувачката со Клара на свадбата на брат му + нови папарацо фотки од парот
- Детали
- понеделник, 19 јуни 2023
Според шпанските медиуми, Жерар Пике и Клара веќе се верени, а фудбалерот планирал да ги сподели новостите на свадбата на брат му. Во меѓувреме, јавноста ја поврзува Шакира со Луис Хамилтон, но некои извори тврдат дека пријателите на пејачката не го сакаат бидејќи бил познат како „женкар“. Папарацо фотки од Пике и Клара направени периодов... Како изгледа нивното секојдневие?
По гласините за романсата на Шакира и Луис Хамилтон, извори блиски до Жерар Пике тврдат дека тој и Клара Чиа веќе се верени.
Шакира и Пике никогаш не стапија во брак, а се разделија токму поради Клара. Сега, една околу година по разделбата, изгледа Пике веќе размислува за свадба.
Гласините за свршувачката беа споделени во неколку шпански медиуми.
„Поранешниот фудбалер и неговата девојка ја донесоа важната одлука. Го испланираа и идеалниот момент за да ги споделат убавите вести со јавноста.
Најавата ќе биде на датум важен за Пике – свадбата на неговиот брат Марк, кој на 24-ти јуни ќе се венча со неговата девојка“, тврди анонимен извор.
Наводно, Клара била во мошне добар однос со родителите и семејството на Пике. Истовремено, се зближила со девојката на брат му - нешто што не ѝ успеало на Шакира.
Според медиумот La Vanguardia, деновиве Пике и Клара биле забележани и во продавница за накит каде што наводно разгледувале прстени.
Во меѓувреме, Шакира ја поврзуваа со неколку познати мажи, вклучувајќи го и Том Круз.
Според последните гласини, таа наводно се гледа со Луис Хамилтон.
Изворите за светските медиуми тврдат дека возачот на „Формула 1“ и пејачката неколкупати биле забележани заедно, но настрана од очите на јавноста.
Сепак, во јавност се појавија и нивни заеднички фотографии што дополнително ги разгореа гласините.
Шпанскиот медиум El Confidencial, пак, открива дека иако минуваат многу време заедно, пријатлеите на Шакира биле загрижени за Луис.
„Многу е сличен на Пике. Неговиот приоритет е кариерата. Луис е маж со цврст карактер, со кој некогаш е тешко да се справите, но некогаш е шармантен“.
Наводно, тие се противеле на новата романса бидејќи Луис бил познат и како „женкар“.
Повеќе папарацо фотки од Клара и Пике:
Спирова С. | Црнобело