Како озборувањата за тајната врска на Хари Стајлс и Луис Томлинсон од One Direction им го уништија пријателството?
- Детали
- четврток, 18 април 2024
Пред 14 години првпат се појавија озборувањата дека Хари Стајлс и Луис Томлинсон, колега од бендот, се во љубовна врска. Наводно, тие се заљубиле брзо по формирањето на One Direction, а останатите членови на бендот знаеле и ја поддржувале нивната љубов.
Осум години по распаѓањето на еден од омилените британски тинејџерски бендови, One Direction, не престануваат шпекулациите дека Хари Стајлс и Луис Томлинсон биле во врска.
Овие озборувања за геј врската на пејачите првпат почнаа во 2010, кога бендот беше на врвот на својата слава, а Хари и Луис, заедно со Зејн Малик, Лиам Пајн и Ниал Хоран беа сон на секоја тинејџерка.
Што знаеме за наводната афера на Хари и Луис?
Пред 14 години во јавноста првпат се појавија озборувањата дека Стајлс и Томлинсон се многу повеќе од само членови на ист бенд.
Наводно, тие ја почнале врската брзо по формирањето на One Direction, а останатите членови на бендот знаеле за тоа и ја поддржувале нивната љубов.
Нивните менаџери, пак, не биле среќни поради тоа и ги натерале да ја скријат љубовта од јавноста.
Тие инсистирале Хари и Луис да продолжат со имиџот на стрејт мажи, поради тоа што на нивните концерти најмногу доаѓале тинејџерки, а девојките биле тие кои ги купувале нивните албуми и производите со нивните ликови.
Менаџерите се плашеле дека ако се сруши идеалната слика за момците од бендот, тие ќе паднат во заборав и ќе престанат да им носат пари.
Во тоа време дуото го нарекуваа „Лари Стајлинсон“ или само „Лари“.
Некои одеа дотаму што тврдеа дека знаат дека Хари и Луис на првиот состанок јаделе пилешко со пармезан.
Теориите дека биле заљубени не престануваат ни денес, иако двајцата мажи се во хетеросексуални врски.
Стајлс низ годините беше во врска со Емили Ратајковски, Оливија Вајлд, Кендал Џенер, Тејлор Свифт и други славни жени.
Во една пригода Томлинсон изјави дека тоа се „детски теории на заговор“, но наместо да ја увери јавноста дека се лага, тоа уште повеќе ги поттикнало шпекулациите.
Тој призна дека токму овие „луди озборувања“ го расипале нивното пријателство и сега скоро и да не комуницираат.
Денес Луис вели дека кренал раце, бидејќи што и да каже или направи, не може да ги убеди луѓето дека не е геј, ниту дека не бил во врска со Стајлс.
„Луѓето толку многу веруваат дека јас и Хари во минатото сме биле заедно, што моите зборови се излишни. Малку е лудо сето ова, претпоставувам“, рече тој неодамна во интервју за G1.
Некои теории беа толку бизарни што, кога во 2016 година Луис стана татко и објави прва фотка со синот, почнаа да коментираат дека бебето не постои, и инсистираа дека фотографијата е монтажа, а на овој начин Луис сака да ја скрие вистината за себе.
„Мојот син Фреди има 8 години и е најважната личност во мојот живот. Пробувам да го заштитам од медиумите и работите што се пишуваат за мене, па се надевам дека е доволно возрасен за да знае дека многу од работите се смешни“, додал Томлинсон.
А. Ј. | Црнобело