Шакира се пресели во Мајами со синовите, по гласините дека таму има нов дечко: „Си ја бараме среќата“

„Се преселив во Барселона за да им дадам на моите синови стабилност, истата стабилност што сега ја бараме на другата страна на светот. Денес почнуваме ново поглавје во потрага по среќата“, вели Шакира, која се отсели од шпанската престолнина, една година по разделбата со Жерар Пике.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-01.jpg

Колумбиската пејачка Шакира со синовите Милан (10) и Саша (8) ја напушти Барселона. Тие отсега ќе живеат во Мајами, каде што Шакира веќе некое време го уредува нивниот нов семеен дом, но и каде што работи со неколку музички продуценти и снима нови песни.

Заминувањето на Шакира привлече толкаво внимание, што папараците ги следеа до аеродромот и го сликаа моментот кога се чекираа да влезат во авионот.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-04.jpg

Фотографиите ги објавија повеќето шпански, но и бројни светски медиуми, со коментар дека пејачката конечно почнува нов живот по тешката година и долгата борба за старателство со поранешниот партнер Жерар Пике.

Во текот на летот кон Мајами, Шакира објави Инстаграм Стори од авион.

„Работите не се секогаш какви што сонуваме дека ќе бидат. Понекогаш трчаме, ама не стигнуваме на целта“, напиша таа на фотографијата.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-02.jpg

Брзо пред заминувањето од Шпанија, нејзиниот публицист излезе со официјална изјава до шпанските медиуми:

„Се преселив во Барселона за да им дадам на моите синови стабилност, истата стабилност што сега ја бараме на другата страна на светот. Денес почнуваме ново поглавје во потрага по среќата.

Ви благодарам на сите кои страдавте заедно со мене во Барселона, градот каде што научив дека пријателството е поголемо од љубовта.

Ви благодарам и на сите кои ме поддржувавте таму, што ми помогнавте да ги исушам солзите, што ме инспириравте и ми помогнавте да пораснам“, стои во пораката од Шакира, а пренесе „Daily Mail“.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-03.jpg

Шпанските медиуми пишуваат дека Шакира веќе нашла ново училиште за децата и дека тие веќе некое време не одат на бејзбол тренинзи во својот клуб.

За потсетување, Шакира и Пике се разделија во мај 2022 година, по 11 години врска во која се родија нивните синови Саша и Милан.

shakira-so-sinovite-pochnuva-nov-zhivot-vo-majami-paparaci-gi-fotografiraa-na-aerodromot-vo-barselona-05.jpg

Неколку месеци подоцна, Пике ја покажа новата девојка Клара Чиа, но брзо потоа во јавноста се дозна дека тој бил во врска со неа барем една година пред да прекине со Шакира.

Неодамна таблоидите во САД пренесоа дека Шакира има нов дечко во Мајами и дека се гледаат околу четири месеци.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg