Кортни Кардашијан ужива во четвртата бременост - во бело боди на романтична прошетка со сопругот на зајдисонце
- Детали
- петок, 25 август 2023
Во бело боди за трудници и розова кошула, Кортни Кардашијан го истакна трудничкото стомаче и покажа дека ужива во бременоста, додека се шеташе на плажа со сопругот.
Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (44) и нејзиниот сопруг, тапанарот Тревис Баркер (47), беа на романтична прошетка на зајдисонце на плажа во Санта Барбара, Калифорнија.
Тие се држеа за рака и шетаа на брегот на Тихиот Океан.
Кортни, најстарата од сестрите Кардашија, носеше бело боди за трудници во комбинација со розова кошула и го истакна трудничкото стомаче.
Таа не крие дека ужива во бременоста, па често објавува фотографии на кои покажува колку се менува нејзиното тело.
Ова ќе биде четврто дете на Кортни, а прво од бракот со Тревис.
Таа од врската со бизнисменот Скот Дисик има три деца – Мејсон, Пенелопи и Рејн.
Дека чека бебе, Кортни откри во јуни 2022, на концерт на Blink 182, бендот во кој Тревис е тапанар.
Таа извади транспарент среде концерти на кој пишуваше дека е бремена.