Меган Маркл шета со лепенка против стрес низ САД, а Хари од Јапонија се жали дека му недостига сопругата (фото)
- Детали
- недела, 13 август 2023
Меган Маркл е фотографирана со лепенка на рацете која треба да ѝ помогне да се ослободи од стресот и да се чувствува смирено. Принцот Хари, пак, од Јапонија се пожали дека посакувал таа да била со него.
По гласините за развод, минатата недела принцот Хари и Меган Маркл заедно го прославија 42-иот роденден на актерката, а потоа парот сепак се раздели накратко.
Принцот замина на турнеја низ Азија со цел да собере што е можно повеќе средства за неговата добротворна организација што им помага на младите во Африка.
Хари деновиве одигра поло меч во Сингапур, а потоа се упати во Јапонија. Неговиот пријател Начо Фигуерас, зборуваше во името на Хари, па во изјава за медиумите рече:
„Многу ни недостигаат сопругите. Ова е кратко патување. Иако трае само неколку дена, но патот до Јапонија трае 24 часа и веќе ни недостасуваат. Посакуваме да беа со нас“.
На другата страна на Земјината топка, во Санта Барбара, Калифорнија, папараците ја „уловија“ Меган како со своето обезбедување оди на закажан преглед, а она што на сите им падна во очи е лепенката против стрес што таа ја носи на раката.
Се верува дека лепенката NuCalm ѝ овозможува да се справи со влијанието на негативните фреквенции и ѝ обезбедува чувство на смиреност.
Лепенките се за една употреба, а една кутија со 20 лепенки се продава по цена од 80 долари.
Една лепенка може да се носи во текот на едно деноноќие.
Меган во последните неколку месеци се соочи со низа критики, откако поткастот Archetypes, што таа го водеше заедно со Хари на платформата Spotify беше откажан, а од раководството на компанијата тие беа оценети како „измамници“.
Во дел од медиумите се појавија гласини дека Меган и Хари ќе се разведуваат, откако парот бил под постојан стрес заради финансиските проблеми со коишто се соочува.
Б. С. Б. | Црнобело