„Само сакаме да се бакнуваме“: Кајли Џенер за гласините дека има девојка + призна дека ги зголемила градите
- Детали
- четврток, 27 јули 2023
„Нели ти е смешно што сите мислат дека сме во врска? Кога малку ќе се поднапиеме, само сакаме да се бакнуваме“ - Кајли Џенер првпат ги коментираше гласините дека има тајна љубовна врска со најдобрата другарка, а призна и дека ги зголемила градите, но дека сега жали за тоа.
Кајли Џенер, најмалата сестра во семејството Кардашијан-Џенер, во финалето на 3-тата сезона од реалното шоу The Kardashians првпат прозборе за лезбискиот бакнеж со најдобрата другарка Анастасија Караниколау, но и за пластичните операции кои ги направила низ годините - претходно тврдеше дека не корегирала ништо на себе.
Откако во февруари 2023 се појавија фотки на кои Кајли се бакнува со Анастасија, американските медиуми почнаа да шпекулираат дека тие се во тајна љубовна врска.
Но, во последната епизода од реалното шоу, Кајли (25) и Анастасија (26) разговараа за фамата што ја кренаа и се смееја на коментарите во јавноста.
„Нели ти е смешно што сите мислат дека сме во врска? Кога малку ќе се поднапиеме, само сакаме да се бакнуваме“, вели Кајли.
„Мислам дека би требало да си направиме по едно Мартини“, додава Анастасија.
„Зошто луѓето мислат дека е чудно што сме толку опседнати една со друга? Само добивам коментари: Знам дека вие две имате секс. А немаме. А би сакала да имавме“, рече Кајли пред камерите.
Богаташката додаде дека таа и Анастасија се најдобри другарки од свои 12 години.
„Ќе беше многу полесно да се привлекувавме сексуално, но не е така. Растевме заедно, поминавме низ многу работи, таа ми е како сестра.
Секогаш се бакнувам така со неа. Не знам зошто е одеднаш тоа толку чудно. Многу најдобри другарки се однесуваат исто“, додава таа.
Ви разговорот со Анастасија, Кајли призна и дека жали што си ги зголемила градите кога имала 18 години. Таа претходно не признаваше дека правела пластични операции и тврдеше дека става филери, поради кои ѝ е сменет ликот.
„Знаеш дека ги зголемив градите пред да ја родам Сторми. Но, 6 месеци по нејзиното раѓање мислам дека зажалив. Имав убави гради, природни, прекрасни, со совршена големина. Затоа и жалам што воопшто ги корегирав“, рекла Џенер.
Медиумите во 2015 година пишуваа дека Кајли ги зголемила градите, но таа тогаш велеше дека се здебелила и дека со тоа ѝ се зголемиле и градите.
Потоа тврдеше дека останале големи бидејќи ја доела ќерка си, па синот, и дека никогаш не правела корекции.
А. Ј. | Црнобело