„Те сакам“ – Кристијано Роналдо објави смели фотки од одморот со Џорџина, по гласините дека нивната врска е во криза
- Детали
- понеделник, 10 јули 2023
„Те сакам“, „Вљубени на плажа“ – Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез објавуваат фотки од одмор на социјалните мрежи со цел да покажат дека гласините за наводна криза во нивната врска не се точни. Во таблоидите се појавија и досега невидени фотки од Џорџина пред да го запознае фудбалерот.
Неколку месеци наназад во светските таблоиди се провлекува приказната дека врската на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез е во криза, а сега фудбалерот одлучи да им стави крај на гласините и објави фотки од одмор, на кои неговата партнерка е во танга бикини.
„Те сакам“ – напиша тој до фотографиите на кои во прв план се неговите извајани стомачни мускули и облините на неговата партнерка.
Кристијано и Џорџина во моментов уживаат во одморот во Португалија, откако претходно беа со јахта на Сардинија.
Пред неколку денови во дел од светските медиуми беа објавени и фотографии од Џорџина во младоста, на кои може да се забележи физичката трансформација на партнерката на Роналдо.
На досега невидените фотки се гледа дека Џорџина пред да го запознае Роналдо била многу слаба и нема ниту трага од облините по кои сега е препознатлива.
Иако во дел од светските медиуми редовно се пишува за наводна криза во врската, Џорџина на Инстаграм редовно споделува фотки од луксузниот одмор во кој ужива заедно со партнерот и децата, и сака да покаже дека таа и Роналдо се вљубени како на почетокот на врската.
Забава со пријатели, емотивни пораки од децата, летање со параглајдер – од фотографиите може да се процени дека убавата Шпанка ужива во секој миг поминат со саканиот.
Во описот до фотките таа на кратко напиша:
„Вљубени на плажа“
Погледнете повеќе фотографии од Роналдо и Џорџина во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело