Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопруга?
Џеј Зи вели дека ја прифатил сексуалноста на својата мајка и дека бил многу среќен кога таа се заљубила.
„Замислете дека треба да го живеете својот живот како некој друг и мислите дека ги заштитувате вашите деца на тој начин.
Таа еден ден седна пред мене и ми рече: ’Мислам дека сакам некого‘.
Навистина плачев … Плачев затоа што бев многу среќен поради неа што беше слободна“, рече Џеј Зи.
Глорија од 2003 година ја води фондацијата Shawn Carter, која ја основа со нејзиниот син. Оваа добротворна организација е фокусирана на образовниот систем и нуди стипендии за колеџ.
Таа е во љубовна врска со Роксан од 2018 година.
Што знаеме за Роксан Вилтшир, сопругата на Глорија?
Матурирала во католичкото училиште Holy Name Convent во Порт оф Спејн, Тринидад и Тобаго, а потоа завршила правен факултет на John Jay College во Њујорк.
Подоцна се стекнала и со докторска диплома од The Rutgers School of Law во Њу Џерси.
Роксан е правник и деловна жена, ко-основач и претседател на фондацијата Wiltshire Foundation.
Според американските медиуми, таа е и хуманист и често им помага на маргинализираните лица и на луѓето од ЛБГТ заедницата.
Светската јавност го дозна нејзиното име кога се венча со Глорија Картер и покрај фактот што е успешна и ценета во претприемачкиот свет.
Живее раскошно и има неколку имоти низ цела Америка. Се проценува дека има богатство од 5 милиони долари.
Прочитајте и Свекрвата на Бијонсе стапи во брак со девојката – Свадбениот аутфит на Блу Ајви (11) стана мета на критики (фото)
А. Ј. | Црнобело