Свекрвата на Бијонсе стапи во брак со девојката – Свадбениот аутфит на Блу Ајви (11) стана мета на критики (фото)

„Кое друго девојче на 11 години се облекува така?“ – прашуваат дел од твитерџиите за аутфитот што ќерката на Бијонсе и Џеј Зи, го носеше на свадбата на нејзината баба. Мајката на Џеј Зи стапи во брак со нејзината девојка со која е во врска од 2018-та година.

ja-nosi-so-sebe-kako-da-e-akcesoar-bijonse-kritikuvana-zaradi-autfitot-na-kjerkata-foto-01_copy.jpg

Бијонсе во неделата (02.07) присуствуваше на свадбата на мајката на нејзиниот сопруг Џеј Зи, Глорија Картер, а папараците ја фотографираа како пристигнува на церемонијата заедно со нејзината најстара ќерка Блу Ајви (11).

Пред еден месец, јавноста беше изненадена кога Блу излезе на сцената и танцуваше на концертот на нејзината мајка во Париз, а сега познатата пејачка повторно се најде на удар на критики заради начинот на кој ја облекува ќерката.

На свадбата на нејзината свекрва, Бијонсе беше облечена во фустан во боја на праска со длабоко деколте и наметка со пердуви, но на социјалните мрежи особено внимание привлече Блу Ајви, која според многумина е облечена несоодветно за нејзината возраст.

ja-nosi-so-sebe-kako-da-e-akcesoar-bijonse-kritikuvana-zaradi-autfitot-na-kjerkata-foto-06.jpg

Иако добија голем број пофални зборови и сите коментираат за височината на Блу, која речиси е веќе колку нејзината мајка, според некои твитерџии, зелениот свилен фустан, високите потпетици и златниот накит не се соодветни за девојче кое сѐ уште не навлегло во тинејџерските години.

До Бијонсе се упатени голем број критики и многумина сметаат дека познатата пејачка ќерката ја третира како аксесоар.

„Изгледаат прекрасно“;

„Следната година Блу ќе биде повисока од мајка ѝ“;

„А каде се другите две деца на Бијонсе?“;

„Ми изгледа дека Бијонсе ја носи ќерката како да е аксесоар понекогаш. Кое друго девојче што сѐ уште не е во тинејџерските години се облекува така? Но, мора да нагласам дека и двете се убави“;

„Се шокирам секојпат кога ќе ми текне дека ова девојче има 11 години, а не 14“.

ja-nosi-so-sebe-kako-da-e-akcesoar-bijonse-kritikuvana-zaradi-autfitot-na-kjerkata-foto-03.jpg

Инаку, мајката на Џеј Зи стапи во брак со нејзината девојка Роксан Вилтшир, со која е во врска од 2018-та година.

ja-nosi-so-sebe-kako-da-e-akcesoar-bijonse-kritikuvana-zaradi-autfitot-na-kjerkata-foto-08.jpg

ja-nosi-so-sebe-kako-da-e-akcesoar-bijonse-kritikuvana-zaradi-autfitot-na-kjerkata-foto-07_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg