Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопруга?
- Детали
- недела, 09 јули 2023
Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавноста... Таа, покрај раперот, има уште три други деца од бракот со Аднис Ривс. Која е Роксан, новата сопруга на Глорија Картер, и како Џеј Зи ја прифати веста дека мајка му сака жени?
Глорија Картер, мајката на Џеј Зи, најде љубов на 72 години. На 02.07 таа се венча со Роксан Вилтшир, со која е во врска од 2018 година.
Глорија и Роксен љубовта ја прославија со најблиските: синот Џеј Зи, снаата Бијонсе, внуката Блу Ајви…
Меѓу гостите беше им мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, но и пејачката Кели Роланд, актерот Тајлер Пери и многу други.
На својата венчавка, Глорија носеше бело палто со бели панталони и црни мокасини со змиски принт, а Роксан беше облечена во бело-златен фустан со светки.
Венчавката на Глорија и Роксан ја изненади јавноста. Мајката на Џеј Зи, освен раперот, има уште три деца од бракот со Аднис Ривс – синот Ерик и ќерките Мишел и Андреа.
Сепак, Џеј Зи уште во 2017 година откри дека неговата мајка е хомосексуалец, во песната „Smile“, која е дел од неговиот тринаесетти студиски албум, 4:44.
„Мама имаше четири деца, но таа е лезбијка. Мораше да се преправа толку долго дека не е. Мораше да се „крие во плакарот“, па да се лекува.
Срамот на општеството и болката беа премногу за поднесување“, пее тој во песната.
Славниот рапер, кој е еден од најбогатите луѓе во музичката историја, во интервју во 2013 година рече дека мајка му цел живот се жртвувала за него и неговиот брат и сестрите, бидејќи како деца немале пари. Неговиот татко го напуштил семејството кога Џеј Зи имал 11 години.
„Таа жонглираше со сè. Понекогаш ја плаќавме сметката за струја, понекогаш го плаќавме телефонот, понекогаш сметката за греење.
Не гладувавме – јадевме, бевме во ред. Но, имаше работи поради кои се срамевме, на пример кога носевме иста облека неколку дена на училиште или одевме со валкани и скинати патики, бидејќи немавме пари за нови“, вели тој во интервјуто.