„Страшно, за секоја осуда!“ - Џејда Пинкет Смит им давала психоделична дрога на своите деца, јавноста е згрозена
- Детали
- четврток, 29 јуни 2023
Џејда Пинкет Смит ја разбранува јавноста со крајно осудувачки потег - син ѝ Џејден откри дека нему и на сестра му Вилоу им давала психоделична дрога. Во минатото, Џејда самата имаше сериозни проблеми со зависност од алкохол и дрога за кои тврди дека ги надминала, а имаше и 21 година помлад дечко за време на бракот со Вил Смит, кој сè уште трае. На социјалните мрежи осамнаа тон критики кон неа...
Џејда Пинкет Смит отсекогаш била контроверзна личност, но последното откритие од нејзиниот син Џејден навистина ја разбранува јавноста.
24-годишниот Џејден изјави дека мајка му му давала психоделични дроги. Всушност, Џејда го убедила целото семејство да користи психоделични наркотици.
Покрај Џејден, Вил Смит и Џејда имаат и ќерка – 22-годишната Вилоу – а не е познато кој е ставот на актерот за целата ситуација, ниту кога нивните деца почнале да користат наркотици.
За многумина, загрижувачки е и фактот што Џејда со години имаше проблеми со зависност од дрога и алкохол, па сега ги учи децата на истото.
Пред три години, таа самата откри дека во 1990-тите користела дрога кога била во депресија. Односно, си ја лекувала депресијата со екстази и алкохол наместо со помош од професионалец.
Сепак, Џејда истакна дека „терапијата“ што ја користела брзо прераснала во зависност.
„Користев екстази, пушев марихуана и пиев по цело шише вино. По некое време сфатив дека станувам зависник“.
Џејда вели дека тој период изгубила контрола над нејзиниот живот.
„Имав сериозна депресија. Со години се борев со неа. Будењето наутро ми беше најлошиот период од денот“.
Подоцна таа изјави дека уште полоши биле проблемите со алкохолизмот – наводно, пиела вино „како да е сок“.
„Пиев рум, исто така и вотка. Пиев многу жестоки пијалаци. Пиев речиси сè“.
Џејда сфатила дека проблемот со зависноста од дрога и алкохол е сериозен кога изгубила свест на сетот на The Nutty Professor во 1996 година.
„Отидов на работа под дејство на дрога. И, изгубив свест, а на сите им кажав дека веројатно сум испила некој стар лек. Успеав да се соземам и да продолжам со работа. Тоа беше последен пат кога користев екстази“.
Џејда се нема огласено за новото откритие на Џејден, но се соочува со многу критики на социјалните мрежи:
„Само што почнав да мислам дека од оваа жена нема да гледаме повеќе скандали…“
„Заслужува награда за мајка на годината“.
„Зошто некој би сакал да им дава психоделични дроги на своите деца? Зарем не треба да одговара за ова?“
„Страшно, за секоја осуда!“
Ова не е првпат јавноста да биде (непријатно) изненадена од Џејда. Пред неколку години, се дозна дека имала афера со маж кој е 21 година помлад од неа и наводно добила благослов од сопругот Вил.
Јавноста е убедена и дека Џејда го натерала Вил Смит да го удри Крис Рок на Оскарите во 2022 година откако тој кажа шега на нејзина сметка.
Спирова С. | Црнобело