Едвај оди со чевлите, флертува со колега – Амбер Херд за првпат во јавност по судењето со Џони Деп (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 26 јуни 2023
„Мора да признаете дека оваа жена помина неверојатно измачување и дека таа може да ни одржи лекција за издржливост и храброст“ – со овие зборови колегата на Амбер Херд, Италијанецот Лука Калвани го оцени нејзиното прво појавување во јавност 1 година по судењето, со кого таа флертуваше во текот на целата вечер.
Точно една година по судењето со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, Амбер Херд за првпат се појави во јавност.
Облечена во бело и со високи потпетици холивудската актерка чекореше самоуверено на филмскиот фестивал во Таормина, Италија.
Еден месец откако нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп беше главна ѕвезда на филмскиот фестивал во Кан, Амбер Херд го имаше своето прво појавување во јавност по судењето за клевета од минатата година.
Амбер ја посети Сицилија за да присуствува на премиерата на нејзиниот филм In the Fire, чие снимање беше завршено во март 2022, неколку месеци пред да започне судењето со Џони Деп.
Таа изгледаше расположено и самоуверено додека чекореше низ сицилискиот град.
На себе носеше бело здолниште на преклоп и обична бела маица, а на Твитер масовно се споделува видеото на кое се гледа како таа чекори самоуверено додека еден колега ја придржува за да не падне во високите потпетици што воопшто не се соодветни за старите улици на сицилиското гратче.
https://twitter.com/amberhearddaily/status/1672514865292886023
За време на фестивалот Амбер беше фотографирана како се смее и се забавува со нејзиниот италијански колега Лука Калвани, кој за медиумите даде изјава во кој ја пофали нејзината неверојатна храброст.
„Секој што ќе помине низ такво нешто и ќе го надмине со гордост, без разлика на чија страна сте, без разлика кои социјални медиуми ги читате или кои хаштагови ги следите, мора да признаете дека оваа жена помина неверојатно измачување и дека таа може да ни одржи лекција за издржливост и храброст“ – рече тој.
Додека дел од американските медиуми ги споделуваа фотографиите на кои таа „флертува“ со Лука, јасно е дека тие двајца најверојатно се добри пријатели копи успеале да се зближат на снимањето на филмот.
Лука е италијански актер и ТВ водител кој ѝ е мошне познат на италијанската јавност. Освен што се појавувал во голем број италијански ТВ серии и филмови, тој играл и во Sex and the City.