Вирално видео од Џони Деп како плаче во Кан: Доби 7-минутни овации, откако со години беше на „црната листа“ во Холивуд
- Детали
- среда, 17 мај 2023
Публиката 7 минути ракоплескаше по премиерата на првиот филм што Џони Деп го сними откако 7 години беше ставен на „црната листа“ во Холивуд. Иако сакаше да ги скрие емоциите, сепак, видливо е дека актерот со солзи на очите го дочека големото враќање на филмската сцена.
Една година по јавниот судски спор за клевета, холивудскиот актер Џони Деп се врати на големото платно, но и на црвениот тепих.
За првпат по повеќегодишна пауза, актерот вчера (16.05) присуствуваше на овторањето на Филмскиот фестивал во Кан.
Според многумина, неговото појавување на отворањето на Канскиот филмски фестивал сѐ уште се смета за контроверзно, но, тој доби овации откако премиерно беше прикажан неговиот најнов филм Jeanne du Barry, во кој тој ја толкуваше улогата на францускиот крал Луј XV.
Овој филм, воедно беше и прв филмски проект на Џони Деп во последните 7 години, откако по обвинувањата за насилство од страна на неговата поранешна сопруга Амбер Херд, тој беше ставен на „црната листа“ на Холивуд.
Но, благодарение на јавното судење, Џони успеа да докаже дека бил жртва на клевета и заради тоа Амбер требаше да му исплати отштета во износ од 10 милиони долари.
Тој постигна спогодба со Амбер, таа му исплати само 1 милион долари, а потоа актерот веднаш се врати и на своите работни ангажмани.
Неговиот најнов филм во Кан беше поздравен со 7-минутни овации, а на социјалните мрежи масовно се споделува видеото на кое се гледа дека актерот не можеше да ги задржи емоциите, па во еден миг се труди да ги задржи солзите во очите.
Филмот Jeanne du Barry (Жан ду Бари) е историска драма за животот на познатиот француски крал Луј XV кој кај народот бил познат и како „омилениот крал“.
Луј живеел од 1715 до 1774 година и бил оженет за кралицата Марија, но имал голем број љубовници. Жан ду Бари била последната љубовница на кралот.
На премиерата Џони ја држеше за рака режисерката и колешка која ја одигра главната женска улога во филмот, Мајвен.
Погледнете го видеото од аплаузот што го доби Џони и неговата реакција:
https://twitter.com/chztains/status/1658525981026705409
Johnny Depp receives seven-minute standing ovation at #Cannes2023 following the premiere of ‘Jeanne du Barry.’ pic.twitter.com/XXdJ6YdaYz
— Pop Crave (@PopCrave) May 16, 2023
Б. С. Б. | Црнобело