Кортни Кардашијан откри зошто не ја поднесува Ким: „Алчна е и бесчувствителна, поважни ѝ се парите од мене“

Најстарата од сестрите Кардашијан признава дека се чувствува повредено затоа што Ким воопшто не била среќна на нејзината свадба и се обидела да ѝ ги украде сите идеи.

Како што вели, Ким има толку многу понуди за соработка, па може да избере која било од нив, но ја избрала токму онаа со која знаела дека ќе ги повреди чувствата на нејзината сестра.

„Се чувствувам како да виде сѐ што имав јас на свадбата и го присвои. Таа во сѐ гледа знакче за долар, а мене ме боли што таа беше на свадбата, но не беше среќна, сите пријатели ми рекоа дека Ким ‘се губи’“ – додава Кортни.

alchna-e-i-beschuvstvitelna-povazhni-i-se-parite-od-sestrite-kortni-kardashijan-niz-solzi-otkriva-zoshto-ne-ja-podnesuva-sestra-i-kim-10.jpg

Прочитајте и „Двете се здружија и ми се нафрлија“ – Дали Ким и Клои се љубоморни на Кортни за бракот со Тревис?

Кортни конечно откри која е главната причина заради која двете сестри постојано се во расправии. Според неа, проблемот е во комуникацијата, затоа што мајка ѝ Крис Џенер никогаш не ѝ кажува што прават зад нејзин грб.

„Мајка ми ниту еднаш не ми спомна за соработката и се чувствува дека мисли дека Ким нема потреба воопшто да побара дозвола од мене.

Ако јас ѝ го направев истото на Ким таа ќе полудеше, а за мене ова е личен напад. Затоа бев повредена“ – вели таа и додава дека според неа Ким требало да почека да помине подолго време па да ѝ ја „украде“ соработката.

alchna-e-i-beschuvstvitelna-povazhni-i-se-parite-od-sestrite-kortni-kardashijan-niz-solzi-otkriva-zoshto-ne-ja-podnesuva-sestra-i-kim-05.jpg

Најстарата од сестрите Кардашијан не штеди на зборови за нејзината помала сестра Ким, па вели дека сега има добра причина зошто сака да се држи на дистанца од неа.

„Сметам дека таа е мошне амбициозна и не знае што ѝ е мотивацијата. Кога не знаеш што ти е мотивација во животот, стануваш бесчувствителен. Зошто го правиш тоа што го правиш?

Но, тоа не е мој живот, реагирам само кога сум засегната, во спротивно воопшто не ми е грижа што прави сѐ додека е среќна“ – вели таа.

alchna-e-i-beschuvstvitelna-povazhni-i-se-parite-od-sestrite-kortni-kardashijan-niz-solzi-otkriva-zoshto-ne-ja-podnesuva-sestra-i-kim-08.jpg

Инаку, познато е дека двете сестри долги години не се во добри односи, а Кортни неколку години наназад планира да се откаже од реалното шоу и да се посвети на сопствениот живот со тапанарот Тревис Баркер и децата што ги доби од врската со Скот Дисик.

Доволно е само да ги погледнете нивните објави на Инстаграм и ќе сфатите дека двете сестри не се поднесуваат, но се обидуваат барем површно да изгледа дека семејството е обединето.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg