Кортни Кардашијан откри зошто не ја поднесува Ким: „Алчна е и бесчувствителна, поважни ѝ се парите од мене“

„Ја искористи мојата свадба за преговори, таа во сѐ гледа знакче за долари. Мошне е амбициозна и бесчувствителна“ – Кортни Кардашијан со овие зборови ја опиша својата сестра Ким и откри зошто односите меѓу нив дополнително се влошени.

alchna-e-i-beschuvstvitelna-povazhni-i-se-parite-od-sestrite-kortni-kardashijan-niz-solzi-otkriva-zoshto-ne-ja-podnesuva-sestra-i-kim-01.jpg

Сите знаат дека сестрите Ким и Кортни Кардашијан се во лоши односи, а кавгите ескалираа во 2020-та година кога тие две имаа физичка пресметка пред камерите во нивното реално шоу.

alchna-e-i-beschuvstvitelna-povazhni-i-se-parite-od-sestrite-kortni-kardashijan-niz-solzi-otkriva-zoshto-ne-ja-podnesuva-sestra-i-kim-02.jpg

Иако, се обидуваат да делуваат обединето и повторно се појавуваат на сите важни семејни настани, се чини дека и сега, 3 години подоцна, односите меѓу двете сестри воопшто не се подобрени.

Во минатото имаше гласини дека двете сестри имале расправии минатото лето и ладно се одбегнувале за време на свадбата на Кортни во Италија, кога таа стапи во брак со тапанарот Тревис Баркер, а сега најстарата од сестрите Кардашијан, откри што навистина се случувало зад камерите.

alchna-e-i-beschuvstvitelna-povazhni-i-se-parite-od-sestrite-kortni-kardashijan-niz-solzi-otkriva-zoshto-ne-ja-podnesuva-sestra-i-kim-07.jpg

Во најновата епизода на реалното шоу The Kardashians, Кортни раскажува дека не ѝ било сеедно кога дознала дека иако нејзината италијанска свадба била организирана со помош на брендот Dolce & Gabbana, Ким ја искористила можноста да оствари соработка со модниот гигант.

alchna-e-i-beschuvstvitelna-povazhni-i-se-parite-od-sestrite-kortni-kardashijan-niz-solzi-otkriva-zoshto-ne-ja-podnesuva-sestra-i-kim-06.jpg

Имено, на свадбата Кортни носеше венчаница дизајнирана од Dolce & Gabbana, а само неколку месеци подоцна Ким беше избрана да биде креативен директор на шоуто на брендот во Милано, каде беа презентирани најпознатите парчиња на модниот гигант во периодот од 1987-ма до 2007-ма година.

За време на овој проект, Ким доби пристап во нивните архиви од 90-тите и 2000-тите години.

alchna-e-i-beschuvstvitelna-povazhni-i-se-parite-od-sestrite-kortni-kardashijan-niz-solzi-otkriva-zoshto-ne-ja-podnesuva-sestra-i-kim-04.jpg

Кортни признава дека била мошне лута и разочарана од однесувањето на нејзината сестра.

„Воопшто не ми е важно за бизнисот. За време на мојата свадба Ким имаше разговори со Dolce & Gabbana за кои јас воопшто не знаев. Таа само ми се јави и ми рече дека остварила соработка меѓу SKIMS и Dolce & Gabbana, само колку да знам“ – вели Кортни.

alchna-e-i-beschuvstvitelna-povazhni-i-se-parite-od-sestrite-kortni-kardashijan-niz-solzi-otkriva-zoshto-ne-ja-podnesuva-sestra-i-kim-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg