Физички пресметки, кавги, обвинувања – Ривалството и драматичниот однос помеѓу Ким и Кортни Кардашијан
- Детали
- недела, 03 април 2022
Ким ја обвинува Кортни дека не сака да придонесе за успехот на шоуто, а најстарата од сестрите Кардашијан вели дека само сака да го живее сопствениот живот подалеку од очите на јавноста. Во какви односи се двете сестри?
Кортни Кардашијан (42) стана прва од сестрите Кардашијан што имаше можност да присуствува на најгламурозната церемонија за доделување на Оскарите благодарение на нејзиниот свршеник Тревис Баркер (46) кој вечерта настапуваше …
Со тоа Кортни го возврати ударот за бројните навреди низ годините кога Ким (41) ѝ велеше дека таа е безвредна, незабавна, дека нема потреба да учествува во шоуто.
Семејството Кардашијан наскоро ќе продолжат со своето реално шоу, а очигледно во новата сезона нештата се променети: Кортни е верена со Тревис Баркер, Ким се разведе од Канје и е во врска со Пит Дејвидсон, а Клои по големиот број шпекулации за неверства конечно раскина со таткото на нејзината ќерка Тру, Тристан Томпсон.
Се чини дека Кортни „процвета“ откако стапи во врска со нејзиниот долгогодишен пријател Травис Баркер, а во неодамнешно интервју за Variety рече дека најверојатно ова ќе биде последното поглавје во нејзината кариера со реалното шоу, по што најверојатно ќе се пресели во друг град.
Иако во медиумите изгледа дека сите три сестри се исти и најчесто ги ставаат во ист „кош“ оние што редовно го следеле нивното реално шоу знаат дека има големи разлики помеѓу нив, а Кортни и Ким не биле секогаш во најдобри односи.
Кортни и во минатото во повеќе наврати рече дека има намера да си замине од реалното шоу затоа што се чувствува под постојан притисок.
Погледнете во продолжение некои од најпознатите кавги меѓу Кортни и Ким:
Кавгите помеѓу Кортни и Ким започнаа во летото 2018-та година, кога Кортни накратко одлучи да си замине од реалното шоу. По некое време се врати, но од сите најави можеше да се забележи дека тензијата меѓу двете сестри е постојана.
Оние што редовно го гледале шоуто знаат дека Ким и Кортни се во целост различни, па тоа честопати доведувало до расправии, навреди, а некогаш и физички пресметки. Се чини дека Кортни постојано се закануваше дека ќе си замине, а Ким рамнодушно одлучуваше да ја исфрли од епизодите.
Во една од епизодите Ким ѝ рече на Кортни дека е најнезабавна за гледање, заради што најстарата сестра низ солзи рече дека таа има сосема поинакви погледи за тоа што се вистинските семејни вредности. По ова Кортни одлучи да не присуствува на baby-shower забавата на Ким.
По ова војната се префрли на Твитер, па Ким се жалеше како претходно го жртвувала лансирањето на нејзините производи за убавина за да му помогне на семејството, а Кортни одговори дека нејзе ѝ е приоритет да биде мајка.
Уште факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





