Џенифер Лоренс во апостолки на Кански - го пронајде „лекот“, овојпат за промена не падна на црвениот тепих
- Детали
- понеделник, 22 мај 2023
Џенифер Лоренс досега трипати имала инциденти во јавност заради изборот на чевли и најчесто нејзините фотографии од падовите завршуваат во светските медиуми и на социјалните мрежи. Затоа не нѐ изненадува фактот што во Кан одлучи да се појави во апостолки, кои умешно ги скри со црвената долга тоалета.
Некои жени едноставно не можат да одат на високи потпетици, а очигледно тој проблем го има и убавата Џенифер Лоренс (32), која досега повеќепати завршувала на насловните страници заради нејзините неславни падови на Оскарите.
Актерката Џенифер Лоренс се појави на Канскиот филмски фестивал на премиерата на нејзиниот најнов филм Anatomy of a Fall, а сите забележаа дека овојпат таа одлучи да оди на безбедно кога станува збор за изборот на чевли на црвениот тепих и на нозете носеше апостолки.
Таа се појави во црвена тоалета, која целосно ги криеше чевлите, но додека се фотографираше на скалите, се виде дека на себе, наместо високи гламурозни потпетици носи апостолки.
Таа досега повеќепати се нашла во центарот на вниманието заради тоа што се сопнала и завршила на земја за време на гламурозни настани.
Во 2013-та година се сопна и падна додека одеше кон сцената да си го земе Оскарот што го доби.
Следната 2014-та година успеа да се сопне од сопствениот фустан, додека чекореше на црвениот тепих на Оскарите.
А во 2016-та година, таа се сопна и го загуби чевелот додека одеше на прослава по повод премиерата на нејзиниот филм Silver Linings Playbook во Лондон.
Со оглед на претходните искуства, воопшто не е чудно тоа што актерката одлучила овојпат да ги избегне високите потпетици и на црвениот тепих во Кан да се појави во апостолки.
Повторно заврши на насловните страници, но избегна можни повреди.
Погледнете уште неколку фотографии од Џенифер во Кан:
Б. С. Б. | Црнобело