Меган Фокс на настан во проѕирен фустан, а Машин Ган Кели се скри за да не се слика со неа (видео)
- Детали
- петок, 19 мај 2023
Тој ја испрати до црвениот тепих, но наместо да застане до неа за да се фотографираат како разменуваат нежности и бакнежи, како што тоа го правеа во минатото, Машин Ган Кели, ја остави Меган Фокс сама и се скри зад вратата, од каде само ѕиркаше што се случува. Дали е на повидок помирување или тие ќе останат само пријатели?
По гласините дека раскинале, Меган Фокс и Машин Ган Кели се појавија заедно на настан во Њујорк.
Актерката присуствуваше на забавата по повод објавувањето на најновото издание на Sports Illustrated на кое на насловната страница е Меган Фокс, а нејзиниот свршеник дојде заедно со неа за да ѝ пружа поддршка.
Забележително беше дека и покрај тоа што беа заедно Меган на себе не го носеше свршеничкиот прстен, а не прошетаа заедно на црвениот тепих, не разменуваа нежности и не се бакнуваа како што тоа вообичаено го правеа во минатото.
На социјалните мрежи се споделува едно видео на кое се гледа како Машин Ган Кели ја испраќа Меган до црвениот тепих, а потоа се крие зад вратата за да не го украде вниманието и да ја остави да блесне во полн сјај.
machine gun kelly supporting megan fox at the 2023 Sports Illustrated Swimsuit Issue release party 💞 pic.twitter.com/KJSstQryPe
— mgkmagic (@mgkmagic) May 19, 2023
Меган на забавата носеше долга црна тоалета со смело деколте и проѕирен горен дел, што остави многу малку на имагинацијата.
Таа изгледа неверојатно иако во интервју откри дека никогаш не го сакала сопственото тело и дека страда од телесна дисморфија.
Инаку, ова е прво заедничко појавување на црвен тепих на Меган Фокс и Машин Ган Кели по гласините дека тие двајца раскинале, а дали повторно ќе започнат романтична врска или остануваат заедно само како пријатели, останува да видиме.
Погледнете повеќе фотографии од Меган и Машин Ган Кели во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело