Меган Фокс и Машин Ган Кели мизерни и во неуредно издание на одмор на Хаваи, по гласините дека раскинале
- Детали
- среда, 05 април 2023
По гласините дека прават пауза од врската, но уште се во контакт, Меган Фокс и Машин Ган Кели беа забележани на Хаваи. И двајцата беа во неуредно издание, изгледаа мизерно и, според присутните, не се ни погледнувале.
Скоро два месеца откако јавноста дозна за проблемите на Меган Фокс и Машин Ган Кели, парот беше забележан на Хаваи.
Претходно, извори блиски до музичарот и актерката открија дека тие биле и на пауза, но не сакале да се разделат, туку пробувале да ги решат проблемите.
Парот беше забележан и како излегува од терапија, а на фотките Меган е видно вознемирена.
Меган Фокс и Машин Ган Кели кои станаа препознатливи по јавното искажување љубов, вклучувајќи и бакнување со јазици на важни настани, на фотките од одморот изгледаат како потполно друг пар.
Тие беа фотографирани во ресторан, каде што биле околу еден час пред да заминат на плажа.
Во текот на целиот ручек, не се допреле и не се ни погледнувале. Истовремено, цело време изгледале напнато – нешто што е очигледно и од папарацо фотките.
И Меган и музичарот беа во лежерно издание, и двајцата со неуредни коси и не изгледаат воопшто среќно еден покрај друг.
Само неколку денови претходно, извор близок до парот сподели дека престанале со плановите за свадбата додека да ги решат проблемите. Истиот извор истакна и дека им е потребно чудо за да се случи тоа.
„Престанаа со планирањето на свадбата за да работат на проблемите. Нивната врска не е најдобра во моментот. Моментално се разделени, но се допишуваат“.
Истото го потврди и извор за Us Weekly:
„Меган и Машин Ган Кели моментално се на пауза, но уште контактираат. Односот не им е најдобар“.
Меган и Машин Ган Кели се верија во јануари 2022 година, по околу една година заедно. Според изворите, имале жестока расправија во февруари годинава, пред Super Bowl.
„Меган требаше да оди на концертот на Кели на забавата на Sports Illustrated. Но, се расправаа, по што таа го смени планот и истата вечер се врати дома“.
Уште не е познато што точно се случува помеѓу парот – некои сметаат дека музичарот ја изневерил, а некои одат дотаму што веруваат дека Меган е жртва на семејно насилство.
Засега ниту еден од нив се нема огласено за ситуацијата.
Прочитајте повеќе: Го остави свршеникот и го промени имиџот: Меган Фокс сама и среќна на забавата по Оскарите (фото)
Спирова С. | Црнобело