Адријана Лима вљубена во сопругот на Кански фестивал – изгледа секси и покрај вишокот килограми (фото)
- Детали
- петок, 19 мај 2023
Партнерот ја држи за лицето и разменуваат бакнежи на црвениот тепих. Адријана Лима блесна на црвениот тепих на Кански фестивал, каде се појави заедно со партнерот Андре Лемерс. Очигледно е дека сѐ уште не се вратила во топ форма по бременоста, но сепак успеа да го украде вниманието.
Адријана Лима (41) се појави на Канскиот филмски фестивал заедно со нејзиниот партнер Андре Лемерс. Познатиот модел присуствуваше на премиерата на филмот Indiana Jones and the Dial of Destiny.
Адријана полека се враќа во поранешната форма, но сѐ уште е видливо дека тешко се ослободува од вишокот килограми кои ги доби за време на третата бременост, иако поминаа повеќе од 8 месеци откако се породи.
Таа на фестивалот се појави во елегантен црн фустан со жолта панделка и плашт, а смелото деколте едвај ги покриваше градите.
Но, и покрај тоа што сѐ уште не е во топ форма, таа успеа да го украде вниманието кај присутните со својот сексапил.
На црвениот тепих Адријана позираше со партнерот Андре, кој во еден миг ѝ го држеше лицето и споделија бакнеж пред фотографите.
Инаку, за потсетување, Адријана и Андре се заедно од септември 2021-ва година. Тој редовно ја придружува на црвениот тепих, а не се срамат да разменуваат нежности и да покажат колку се вљубени еден во друг.
Поранешниот модел на Victoria’s Secret во февруари минатата година откри дека е бремена по третпат, а за време на целата бременост гордо позираше со труднички стомак.
Во септември Адријана и Андре го добија синот Сијан, а само неколку месеци подоцна таа се врати на работните ангажмани, па почна да чекори на модните писти видно отечена и со вишок килограми.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело