Најзгодната спортска презентерка си ја носи титулата и во бременоста – во танга монокини на плажа на Ибица (фото)
- Детали
- вторник, 16 мај 2023
Во бело полутанга монокини, Италијанката Дилета Леота мами воздишки на плажа и докажа дека и во бременоста уште ја држи титулата најзгодната спортска презентерка. По многуте мажи со кои ја поврзуваа, сега таа ужива со партнерот од Германија со кого очекува дете.
Дилета Леота е италијанска спортска презентерка која важи за една од најзгодните и најпопуларните, посебно кај машката популација.
Таа има бурно љубовно минато, раскина свршувачка со турскиот актер Џан Јаман, ја поврзуваа со Златан Ибрахимовиќ и со многу други, но сега е во љубов со нејзиниот партнер Лорис Кариус, со кого очекува дете.
Парот деновиве беше фотографиран на плажа на Ибица, додека ужива во сончање и не се одвојуваа еден од друг.
Дилета и во бременоста ја одржува својата фигура и мами воздишки облечена во бело полутанга монокини.
Потсетете се и на: Често менува партнери, мажите лудуваат по неа – Што знаеме за Дилета Леота, најзгодната спортска презентерка?
Повеќе фотки од Дилета во бременоста:
М. М. | Црнобело