Опра ќе им остави 30 милиони долари на кучињата, Кајли Џенер им изгради замок: Ѕвезди кои трошат богатство на милениците
- Детали
- недела, 21 мај 2023
Мараја Кери кучињата ги испраќа на одмор, Џенифер Анистон за кучето има масерка - кои холивудските ѕвезди кои трошат вистинско богатство за да ги разгалат своите миленици?
Домашните миленици во Холивуд понекогаш се разгалени колку и нивните сопственици.
Тие ја јадат најдобрата храна, имаат свои асистенти, скап накит, живеат во посебни куќи (некои се поголеми од просечните македонски станови), а некои се ставени и во тестаментот на своите сопственици.
Во продолжение 5 славни личности кои трошат многу пари за да ги разгалат своите миленици...
Кајли Џенер
Оваа инфлуенсерка е добро позната по тоа што ги разгалува своите миленици.
Кајли дури им изгради и замок на нејзините миленици.
Во замокот има и клима.
https://www.instagram.com/p/BUde4ydgLVp/
Салма Хајек
Актерката обожава животни и пробува да го спаси секое напуштено животно што ќе го најде.
Таа има преку 50 миленици, од папагали до кучиња и троши многу пари за нивното чување и секојдневна грижа.
Мараја Кери
Пејачката која е позната по својот луксузен животен стил, се труди и нејзините миленици да живеат во луксуз.
Таа троши илјадници за нивното дотерување, па дури и ги испраќа на одмор.
Опра Винфри
Една од најбогатите жени во Холивуд, освен што сега им обезбедува добар живот на своите четири кучиња сега, се потруди тие да живеат убаво и по нејзината смрт.
Опра остави фонд од 30 милиони долари тие да бидат добро згрижени и во иднина.
Џенифер Анистон
Актерката не се двоуми да потроши богатство за своите миленици.
Таа платила неколку илјади долари за нејзиното куче да има своја масерка, пренесе „The Thing“.
A. J. | Црнобело