Рита Ора со долги синџири закачени на ноктите, Кендал Џенер ги заборавила пантaлоните – Најчудните модни изданија на Мет Гала 2023
- Детали
- вторник, 02 мај 2023
Кендал Џенер одлучно го промовира својот тренд за шетање без пантaлони, па така се појави и на Мет Гала. Музичарот Дејвид Брн на црвениот тепих прошета со велосипед, а некои славни личности се појавија во розови тоалети, иако се знае дека Карл Лагерфелд ја мразел оваа боја. Кои познати личности ја промашија темата на Мет Гала?
Годинешната Мет Гала беше посветена на Карл Лагерфелд, а многумина оваа тема ја оценија како контроверзна заради тоа што за време на својот живот, модниот дизајнер беше познат по своите коментари во кои ги исмеваше жените што имаат вишок килограми, упатуваше критики до женските тела, а не изостануваа и неговите анти-исламски коментари.
Отворено му се спротивставуваше на движењето #meToo во рамки на кое голем број жени признаа дека биле жртви на сексуално насилство, па дури и му прати цвеќе на стилист кој беше обвинет за сексуален напад.
Иако на настанот не се појавија Блејк Лајвли, Зендеја или Лејди Гага, сепак, голем број други познати ѕвезди ја искористија можноста да прошетаат на црвениот тепих.
Како и секоја година, така и оваа имаше голем број познати личности што успеаја да ја погодат тематиката и да заблескаат на настанот, но имаше и такви што целосно ја промашија темата и на црвениот тепих изгледаа чудно.
Како што може да се забележи од големиот број споделени фотографии, најголем дел од познатите носеа бела и црна боја, но имаше и такви што намерно или ненамерно покажаа револт, па се појавија во розов аутфит, иако се знае дека Лагерфелд ја мразел оваа боја.
Според писателот Патрик Морис, Карл во една прилика рекол:
„Мислите нека ви бидат розови. Но, немојте да носите розово“.