Ким Кардашијан со 50.000 бисери, Ријана со венчаница и огромна наметка со 3Д цветови – Што носеа ѕвездите на Мет Гала 2023? (фото)
- Детали
- вторник, 02 мај 2023
На Мет Гала 2023, познатите личности имаа задача да се облечат во чест на дизајнерот Карл Лагерфелд. Ким Кардашијан се појави во 50.000 бисери кои ја потсетувале на починатиот дизајнер, додека Lil Nas X носеше чуден аутфит инспириран од (легендарната) мачка на Карл. Што носеа другите ѕвезди и кои се некои од најдобрите и најлудите стајлинзи?
Во понеделникот, 1-ви мај, во Њујорк се одржа Мет гала 2023.
Овогодишното издание на престижниот настан беше во чест на Карл Лагерфелд – модниот дизајнер кој беше дел од најпознатите модни куќи како Chanel и Fendi.
Ѕвездите кои присуствуваа на галата имаа задача да се облечат „во чест на Карл“, па бројни аутфити беа инспирирани од неговите креации, но и комбинациите што ги носеше самиот тој и му станаа заштитен знак.
Очекувано, Ким Кардашијан се појави во една од највпечатливите комбинации. Ријалити ѕвездата носеше корсет, градник и 50.000 бисери кои беа закачени како нкомплет со здолниште.
Ким изјави дека бисерите ја потсетувале на Карл, па затоа се одлучила за оваа комбинација. Сепак, некои сметаат дека аутфитот повеќе потсетува на нејзина фотосесија за Playboy отколку на дизјанерот.
Доста често, ѕвездите ја промашуваат темата на Мет Галата, но дел од нив навистина се потрудиле.
Комбинацијата на Жизел Бундшен е помеѓу фаворитите. Супермоделот се појави во долг бел фустан и наметка украсена со пердуви.
Таа откри дека станува збор за винтиџ фустан од Chanel, кој го носела кога работела на едиторијал со Карл.
Стајлингот на Ријана го подели мислењето на јавноста, најмногу поради наметката украсена со огромни цветови.
Но, штом го соблече, пејачката го покажа елегантниот бел фустан кој ѝ прилега одлично и позираше со трудничкото стомаче.
Фустанот на Ријана наликува на венчаница со причина - Карл беше познат по раскошните венчаници што ги дизајнираше за Chanel, а токму ова ја инспирирало пејачката.
Никол Кидман се појави во фустан што го носеше во реклама за Chanel No. 5 од 2004-та. Оливија Вајлд, пак, се појави во фустан дизајниран од самиот Карл.
Марго Роби носеше Chanel фустан од 1993-та, а Наоми Кемпбел се појави со фустан на Карл од 2010-та.
Кара Делевињ, пак, се облече како самиот дизајнер и ја дополни комбинацијата со ракавици кои беа задолжителен детаљ во неговите аутфити.
Сличен трик искористи и Ке Хуи Куан, кој беше облечен речиси идентично како дизајнерот.
Можеби најчуден стајлинг имаа Доџа Кет и Lil Nas X – комбинациите на музичарите беа инспирирани од (легендарната) мачка на Карл.
Погледнете што носеа поголем дел од ѕвездите на Мет гала 2023:
Спирова С. | Црнобело