Меган Маркл и Хари oпуштени и вљубени на кошаркарски меч, додека Кејт Мидлтон извршува кралски обврски
- Детали
- вторник, 25 април 2023
Меган Маркл си го бакнува сопругот и воопшто не се грижи што нема да присуствува на крунисувањето за крал на неговиот татко Чарлс, а Кејт Мидлтон пак, останува совршена кралска припадничка.
Меган Маркл и принцот Хари по долго време беа забележани заедно на јавен настан. Парот изгледаше среќно и вљубено на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес.
Тие изгледаат безгрижно, откако беше објавено дека Хари ќе мора да присуствува сам на прогласувањето за крал на неговиот татко Чарлс, без Меган затоа што таа има лични причини за да не оди.
Во меѓувреме, Кејт Мидлтон ја задржува својата титула на совршена кралска припадничка и посветена е на своите кралски обврски.
Таа посети центар за донации и помош за млади мајки, облечена во балетанки, кратко откако го прослави 5-тиот роденден на нејзиниот најмал син Луи.
С. С. | Црнобело